1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Да се задржи кредибилитетот на проширувањето!

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски е во работна посета на Берлин, каде се сретна со својот ресорен колега Гидо Вестервеле и повеќе пратеници на Бундестагот.

default

„Мислам дека Германија континуирано ни пружа поддршка на сите полиња. Тоа што заеднички треба да работиме е одржувањето на кредибилитетот на  натамошното проширување. Ова е димензија која не‘ мотивира и нас, но истотака треба да биде поттик и за сите земји членки заеднички да работиме кон надминување на сите отворени прашања од билатерален карактер и заеднички да пратиме многу силен сигнал до целиот регион дека иднината е во рамките на НАТО-алијансата и Европската унија. Тие силни сигнали мислам дека ќе бидат поттик за сите политички актери во регионот да работат во ист правец. Германија е исклучително важен актер во двете семејства и нејзината поддршка е од исклучително значење“, изјави во Берлин шефот на македонската дипломатија  Никола Попоски по работната средба со неговиот германски колега Гидо Вестервеле.

На средбата, според извори на ДВ од германското Министерство за надворешни работи, во „особено пријателска атмосфера се дискутирало за три тематски блока: македонското доближување до евроатлантските структури, билатерални прашања и прашањето со името“. Било потенцирано дека од исклучително значење е да се задржи

Nikola Poposki

Поддршката од Германија е од исклучително значење - Никола Попоски

кредибилитетот на проширувањето, како во НАТО, така и во ЕУ.

Чикаго не е одредница!

Македонската страна инаку, останува  доследна на исполнување на задачите како да е де факто членка на Алијансата со нејзината посветеност и учество во мисиите во Авганистан.

На прашање на Дојче веле дали во Чикаго се очекува вистинска покана за членство или повторно ќе има статус кво-ситуација ,министерот Попоски одговори:

„Тоа што го повторуваме во повеќе изминати прилики е дека Чикаго не претставува никаква одредница. Воопшто не сме преокупирани дали во Чикаго ќе се случи поканата или не! За Република Македонија е од исклучително значење тоа да се случи момент поскоро. Работиме во правец на остварување на таа цел и мислам дека Чикаго, кој е дефинитивно фокусиран на мисијата во Авганистан и мудрата одбрана (заеднички делење на ресурсите) треба да биде задржан во тој сегмент. Ќе се обидеме да ги направиме што е можно повидливи нашите контрибуции во двата сегмента и да потврдиме уште еднаш дека односот на Република Македонинја е како на де-факто земја членка. Мислам дека Германија многу добро го разбира ова и во тој поравец  заеднички ќе дејствуваме и во иднина.”

Високиот дијалог чекор поблиску до ЕУ

На разговорот со Вестервеле, но и со првиот човек на парламентарната Комисија за прашања на Европската Унија Гунтер Крихбаум станало збор и за почетокот на високиот дијалог меѓу Македонија и ЕУ. Попоски подвлекол дека тој нуди одлична рамка за продлабочување на реформите и исполнување на критериумите во оние сегменти каде од аспект на Комисијата и во иднина тој дијалог треба да се

Gunther Kriechbaum MdB

Не е добро кога билатералните прашања се злоупотребуваат да се спречи членството на нов партнер - Гунтер Крихбаум, пратеник од ЦДУ-ЦСУ

надградува. 

„Од исклучително значење ќе биде овој дијалог да биде промовиран како можност за приближување кон започнувањето на преговорите и натамошно приближување на Македонија кон ЕУ. Мора заеднички да работиме со земјите членки на обезбедување на кредибилитет на овој процес. Придобивките ќе бидат заеднички како за нас, така за сите други земји од регионот кои не‘ опкружуваат, но и за НАТО и ЕУ во целина”, подвлече Попоски.

Крихбаум, кој припаѓа на пратеничката група на ЦДУ-ЦСУ и кој претпладнево прв се сретна со министерот Никола Попоски, осврнувајќи се на стартот на неформалниот разговор меѓу Македонија и ЕУ кажа дека сега Владата многу добро знае дека спроведувањето на реформите е пред се‘ „во интерес на народот и не исклучиво поради ЕУ“. Крихбаум, притоа, подвлече дека  „Германија многу го поддржува ваквиот реформски пат”. Тој за ДВ потврди дека се разговарало и за блокадата која поради спорот со името ја предизвикува  Грција. Посака нејзино што поскоро надминување, дополнувајќи: „Мислам дека не е добро за нас во ЕУ, но и во меѓународните сојузи, кога билатералните прашања се злоупотребуваат да се спречи членството на еден нов партнер. Сигурно дека ова не е во европскиот дух“.

Министерот Никола Попоски имаше и работен ручек со осуммина пратеници од ЦДУ, а попладне ќе има обраќање и во фондацијата Наука и политика. Работната средба на Берлин Попоски ќе ја заврши со разговорот со Кристоф Хојсген, советник на канцеларката Mеркел за надворешни работи.