1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Да се задржи конструктивноста во преговорите

Македонија не отстапува од преговорите околу името, но не по цена на загрозување на идентитетот и националните белези. Атина смета дека непопустливиот став попречува создавање клима на взаемна доверба.

default

Антонио Милошоски

Министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски, денеска во Скопје изјави дека земјата не отстапува од преговорите околу името, но не по цена на загрозување на идентитетот и националните белези. Спроти средбата во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц, во текот на февруари, властите во Скопје сакаат да се задржи конструктивноста во дијалогот со Грција како своевиден придонес за подобрување на атмосферата за разговори и зголемување на степенот на меѓусебната доверба. Македонската влада очекува посредникот Метју Нимиц да претставува нови идеи. „Дали тоа ќе се случи на наредната или на некоја друга средба во Њујорк, тоа е проценка на Нимиц“ изјави Милошоски. Шефот на македонската дипломатија изјави дека Грција, како земја претседавач со ОБСЕ и нејзините претставници, вклучително и министерката за надворешни работи Дора Бакојани, се добредојдени да ја посетат Македонија.

Бакојани - „провокативен став на БЈРМ“

Инаку грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани

Griechische Außenministerin Dora Bakoyannis

Дора Бакојани

во интервју за белградскиот весник „Политика“ вели дека Грција е посветена на изнаоѓање решение со кое би добиле сите, но за жал, провокативниот став на БЈРМ попречува создавање клима на взаемна доверба. Взаемно прифатливо решение би било од корист за Македонија, би ги зајакнало изгледите за нејзина евроатлантска интеграција и би ја зголемило регионалната стабилност на југоисточна Европа, смета Бакојани, која во својство на претседавач со ОБСЕ, престојува во посета на Белград.