1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Да се задоволи правдата

Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски официјално објави дека Македонија покрена правна постапка против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, поради прекршување на Времената спогодба.

default

Министерот Антонио Милошоски

„Размисливме многу внимателно пред да го покренеме овој случај, но не гледаме друг начин да се задоволи правдата и да ги заштитиме нашите права“, изјави шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, објаснувајќи ги причините за покренувањето на постапката против Грција пред Меѓународниот суд на правдата.

Тој се надева дека овој чекор ќе ја поттикне Грција да ги усогласи своите постапки со нејзините меѓународни правни обврски. Постапката во Судот во Хаг треба да ги поттикне двете земји да постигнат конечно решение за нерешените прашања во духот на добрососедството и соработката предвидени со Времената спогодба, смета Милошоски.

Internationaler Gerichtshof

Седиштето на Меѓународниот Суд на правдата во Хаг

Грција да ги почитува своите правни обврски

Инаку согласно членот 11 од спогодбата која Атина и Скопје ја потпишаа во 1995 година, Грција се обврза да не приговара на пријавата за членство на Македонија во НАТО. Меѓутоа, на Самитот на НАТО одржан во Букурешт во април 2008 година, Грција сепак го попречи приемот на Македонија во НАТО, со што флагрантно ги прекрши своите обврски од Времената спогодба.

Македонија ја покренува правната постапка пред Судот во Хаг, со цел да ѝ се наложи на Грција да ги почитува своите правни обврски предвидени во Времената спогодба од 13 септември 1995 година, која е обврзувачка за обете земји.

Спорот за името нема да се разгледува во Хаг

Министерот за надворешни работи Милошоски е уверен дека Меѓународниот суд на правдата ќе помогне да се реши овој правен спор, имајќи предвид дека Судот работи праведно и делотворно.

Mathew Nimitz, UN Mediator in dem Namentstreit zwischen Mazedonien und Griechenland

Македонија останува посветена на преговорите за името под посредство на Метју Нимиц( на сликата)

Според него, Македонија не бара од Судот да разгледува политички прашања, па затоа спорот околу името не е предмет предмет на постапката.

„Македонија ќе остане цврсто посветена на сите аспекти од Времената спогодба, особено на преговарачкиот процесот со Грција“, порача Милошоски.