1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Да не се пропушти моментот!

Во политичките кругови во Скопје и меѓу експертската јавност постои воздржаност во реакциите по првата директна средба меѓу македонскиот премиер Никола Груевски и грчкиот, Јоргос Папандреу, во Брисел.

default

Скопје- како да се реши спорот со името....

По четиригодишен застој во политичките контакти и тогашните средби на македонскиот екс-претседател Бранко Црвенковски и екс-премиерот Владимир Бучковски со грчкиот шеф на владата, Караманлис, одмрзнувањето на директниот дијалог сега е поттикнат од заеднички пријатели на Атина и Скопје од ЕУ и САД.

„Како лидери кои ја водат својата земја, имаат разбирање за сите проблеми, воспоставуваат дијалог, кој треба да биде еден вид порака до обичните луѓе дека постои комуникација. Ова што се случува ни влева надеж дека ќе се најде решение за овој спор што го имаме со Грција за името,“ реагораше вчера во Охрид македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој јавна покана за дијалог со грчкиот колега Каролос Папуљас, упати и пред да стапи на должност.

Претседателот на Советот за евроинтеграции Радмила Шеќеринска изјави дека за спорот и проширувањето на ЕУ постои позитивно расположение „ и кај влијателните кругови, и во бизнис заедницата, но и кај политичките групации низ Европа, и тоа многу попозитивно отколку пред една или две години и тој момент Македонија и Западен Балкан мора да го искористат.“

Nikola Gruevski Giorgos Papandreou

Никола Груевски и Јоргос Папандреу

Воздржаност и скепса за брзо решение

Неколку поранешни македонски министри за надворешни работи не сакаа да ја коменираат вчерашната средба (29.10.2009) меѓу Никола Груевски и Јоргос Папандреу, без да знаат детали од неа. Еден од нив кој имал контакти со Папандреу, изрази скепса дека може да се најде брзо компромисно решение за името. Внимателни проценки има и кај експертската јавност.

„Од каде е дојдена сева оваа добра волја за средба на премиерите, сега- засега не е воопшто битно, треба сите да го поддржуваме тоа, да се најде решение за името, бидејќи се гледа дека тоа е горливиот проблем за решавање за влез на Македонија во ЕУ“, изјави за Дојче веле политикологот Имер Исмаили.

„Европската комисија, особено ако се погледне стратешкиот документ, укажува на можноста и таа да биде вклучена во процесот на изнаоѓање решение доколку тоа го побараат страните кои се заинтересирани“, изјави деновиве за Дојче веле универзитетскиот професор Тања Каракамишева.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM