1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Да не се отвори ”пандорина кутија" со независност на Косово

Се заканува верижна реакција во постсоветскиот простор и во Европа - предупреди рускиот министер Сергеј Иванов на маргините на конференцијата на министрите за одбрана на земјите на НАТО

Сергеј Иванов

Сергеј Иванов

Косово, всушност, воопшто не е главна тема на консултациите на министрите за одбрана од земјите на НАТО со колегата од Русија во шпанскиот град Севилја, но се наметна со оглед на актуелноста и поради јасните и категорични искажувања на Иванов во поглед на планот на Марти Ахтисари. Русија ќе гласа за резолуција за ограничена независност на Косово само доколку тоа решение го прифати и Србија, кон која покраината меѓународно-правно припаѓа, рече рускиот министер и предупреди од натамошни конфликти.

“Ако си претставиме ситуација Косово да добие независност, тогаш и други народи од непризнати територии и области ќе не прашаат по што сме ние полоши од другите” – рече Сергеј Иванов. Според руско гледање, тоа може да се однесува на спорни подрачја како Јужна Осетија и Абхазија во Грузија, но не и само на нив: “Ова го засега постсоветскиот простор, но и подрачја во Европа. Тоа значи дека сето може да води кон верижна реакција. Со други зборови, мора да внимаваме да не отвориме Пандорина кутија”.

Иванов рече дека при сите решенија за Косово на Советот за безбедност на ОН мора да биде почитуван принципот на неповредливост на суверенитетот и интегритетот на една држава – во случајов на Србија.

Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг, како и американскиот колега по функција Роберт Гејтс, се за тоа, бргу да се гласа во Советот за безбедност. “Мораме заеднички да се потрудиме обете страни да го прифатат предлогот во интерес на мирен и стабилен развој. Не е мудро сега да зборуваме за одложување. Посакувам Советот за безбедност да може во март да гласа – и тоа позитивно” – рече Јунг.

НАТО-сојузот, кој во 1999-та година водеше војна од воздух против Србија и го окупира Косово, го потврди ветувањето да се грижи таму за ред и безбедност и по разјаснувањето на прашањето за статусот.