1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Да не се губи времето до следниот извештај на Брисел

Премиерот Никола Груевски го доби Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија во евроинтегративниот процес.Му го врачи ЕУ амбасадорот Ерван Фуере истовремено кога во Брисел го претстави комесарот за проширување Оли Рен

default

Груевски:успесите се владини,неуспесите- заеднички со опозицијата

Вчерашниот владин став дека станува збор за најдобар извештај досега,денеска спласна во воздржан коментар дека Извештајот е избалансирана оценка и реален поглед на Европа на состојбите во Македонија.Успесите премиерот и ги припиша на владата,неуспесите ги сподели со опозицијата:

„Тоа што зависеше само од владата,претежно економија,борба против корупција и т.н.,тоа е релативно позитивно оценето,се разбира,тука има уште многу да се сработи,но е релативно повеќе позитивно отколку одредени слабости.Меѓутоа има некои работи кои што не зависеа само од нас.Сега не сакам да ги споменувам,зашто пресот не е одреден за да се изнесуваат многу детали,и тука се во главно одредени слабости каде што сме зависеле од опозиција,од некој друг фактор,и во тој дел ние имаме некој прогрес,но тука има и слабости“,изјави Груевски.

Без сомневање во македонските капацитети

Европретставникот Ерван Фуере е уверен дека Македонија има капацитет да ги исполни условите за следната фаза- почеток на преговори за членство, иако денеска објавениот извештај не содржи таква препорака. Тоа не го смета за свој неуспех.

„Не, воопшто. Ова е заеднички напор ние работиме во партнерство со владата, обидувајќи се да ги исполниме сите потребни реформи. Се разбира тоа директно зависи од владата и од државата но јас никогаш не сум се сомневал дека Македонија има капацитет да ги спроведе сите неопходни реформи, за да стаса во следната фаза од евроинтегрирањето и да почне преговори за членство“, изјави европретставникот Фуере.

Прогнозите се неблагодарна работа

Македонија стана земја кандидат за членство пред две години. Оптимистичките прогнози дека во текот на 2008 ќе биде одреден датумот за преговори, стануваат нерални, ако се земе предвид праксата на ЕУ да отвора преговори со земјите кандидати дури откако Комисијата ќе и го препорача тоа. Владата не сака да прогнозира кога Македонија ќе добие датум.

„Јас имам прогноза колку многу ние ќе работиме,а тоа е многу,а кога ќе ги започнеме преговорите,тоа не зависи само од нас.Она што зависи од нас,ќе го правиме со максимумот од нашата моќ и капацитет“,изјави Груевски.

Следниот извештај е дури по една година, но Македонија нема време за губење, бидејќи тој веќе почна да се пишува.