1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Да нема повторно визи за Западниот Балкан!

Германскиот Бундестаг попладнево на иницијатива на пратеничакта група Сојузот 90 - Зелени расправаше за заканите од укинување на визната либерализација за земјите од Балканот.

Зголемениот број баратели на азил во Германија  во минатата година за над 40 проценти, споредено со 2011 - и заканата за воведување на заштитниот механизам со привремено враќање на визите за земјите од Западниот Балкан беше тема на расправа на Пленумот на Бундестагот каде мислењата беа поделени.
Државниот секретар во германското МВР Оле Шредер  (ЦДУ) го застапуваше ставот на Владата: безвизниот режим не смее да се злоупотребува. Не смее да има неконтролирани миграции. Унијата мора да се заштити!
Напроти него, пак,  пратениците од СПД, Либералите, Сојузот 90-Зелени  и Партијата на левицата строго се заложија за зачувување на  визната леиберализација за земјите од западниот Балкан,  за совладување на сиромаштијата и подобрување на условите  на живот на Ромите. Во дискусијата се слушнаа тонови дека се претерува со бројките и дека односот на Германија кон Ромите е лицемерен. Парламентарците од партиите на опозицијата побараа од Владата да не презема никакви чекори за  укинување на слободниот визен режим!
Во истиот блок дискусија,  парламентарците ја тематизираа и иницијативата на ЕУ за укинување на визите за лицата кои поседуваат службени пасоши на Руската федерација.