1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Да заработиш без да мораш да пријавиш патент

Постојат претпријатија кои им дозволуваат на потенцијалните купувачи да соработуваат онлајн во процесот на создавање нови продукти. Во интернет-сленгот тоа се нарекува „оупен иновејшн“.

default

Да се презентираш себеси и своите содржини - тоа преку интернет е лесно

Кај него секој може нешто да си посака. Кохеи Нишијама во Јапонија создаде онлајн-платформа на која се собираат желбите на потрошувачите. Притоа, можно е тие желби да се поклопат со интересите на производителите. На тој начин една желба станува реалност, како на пример, подморница од лего-коцки. Таа била сон на еден единствен човек, сон за кој тој морал да привлече и други потрошувачи:

„Тој ја претстави својата креација на нашата интернет страница и таа им се допадна на 999 луѓе. Тоа беше доволно убедливо за Лего да почне да ја произведува.“

Сега, човекот што ја изумил подморницата добива еден процент од профитот од нејзината продажба, а 999 негови поддржувачи се радуваат на новата играчка.

Symbolbild Internet wird Hauptquelle für Nachrichten Flash-Galerie

Преку онлајн-платформи се собираат желбите на потрошувачите, кои можат да се поклопат со интересите на производителите

Да се презентираш себеси и своите содржини - тоа преку интернет е лесно и со себе повлекува цели индустриски гранки. На пример, канадското претпријатие Суит 101, заедница на автори, кое се финансира од реклами. Идејата е секој да пишува за она што навистина го разбира. Квалитетот мора да е добар, а онлајн-авторите добиваат мал дел од профитот од рекламите. Но, повеќето до авторите сакаат всушност само да се презентираат себеси:

„Текстовите функционираат најдобро ако секој автор пишува за она што навистина го разбира најдобро. Ништо не вреди ако се знае дека за одредена сфера се бараат текстови за теми за кои човек нема поим“, вели раководителот на Суит 101, Петер Кригер.

Но, кому му припаѓаат ваквите текстови и како да се заштитат авторските права, особено ако идеите ги искористат некои претпријатија? За тоа нема законски рамки, но има ‘ркулци на обиди во таа насока. На пример, преку посредници:

„Ние ги добиваме сите права од корисниците и му ги предаваме на производителот. Тогаш тој е сигурен дека нема да има проблеми, а ние потоа се грижиме за тоа корисникот да добие удел во профитот“, нагласува Нишијама.

Автор: Мелани Маркер / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Борис Георгиевски