1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Да ве нема оттука со вашиот пакет за штедење“

Меѓународната „Тројка“ е незадоволна од плановите за штедење во јавниот сектор на владата во Атина. Незадоволна е меѓутоа и грчката администрација, која продолжува со протестите против строгиот курс на штедење.

default

Претставниците на Комисијата на ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд биле незадоволни од плановите на грчката влада за намалување на персоналот во јавниот сектор, објавува денеска весникот „Та неа“. Според весникот, претставниците на т.н. „Тројка“ биле загрижени, што се планира само

Griechenland Athen Troika Experten Finanzkrise

Претставници на маѓународната „Тројка“ во Атина

повозрасните државни службеници, кои секако се кратко пред заминување во пензија, да бидат испратени во најавената т.н. „персонална резерва“. Во таков случај тоа би било само програма за рано пензионирање, што не би донела никакви заштеди. Освен ова, „Тројката“ стравува дека многумина државни службеници, на кои според грчкиот устав не може да им се додели отказ, ќе излезат пред суд, каде би можеле да издејствуваат повторно вработување.

Намалувањето на предимензионираната јавна администрација во Грција е еден од условите, за кои ЕУ, ЕЦБ и ММФ ја врзаа исплатата на следната транша финансиска помош за Грција во висина од осум милијарди евра. Во моментов претставници на меѓународната „Тројка“ се во Атина каде го проверуваат спроведувањето на мерките за штедење.

Грчката влада имено пред две недели најави дека ќе ги намали пензиите повисоки од 1200 евра за 20 проценти и ќе испрати 30.000 административци во „резерва“. Една година тие ќе примаат 60 проценти од платата, а доколку во тој период не најдат друго работно место во јавниот сектор, ќе ја загубат работата. Утре владата во Атина има намера да ги финализира намерите за намалување на персоналот во плановите за буџетот за 2012 година.

Грците повторно протестираат

Отпорот во Грција меѓутоа не попушта. Службениците од повеќе министерства и вчера демонстрираа во Атина против планираните отпуштања. „Земете си го вашиот пакет за штедење и исчезнете од тука“, им порачаа на претставниците на „Тројката“. Службениците на Министерството за финансии дури го блокира влезот во зградата за да спречат средба на претставниците на „Тројката“ со министерот за сообраќај, на која покрај другото требало да се разговара и за либерализицијата на такси превозот во земјата.

Streik Beamte Athen Griechenland NO FLASH

Штрајкови без крај

Демонстрации се оддржаа и пред Министерството за здравство. Стотици медицински сестри исто така протестираа против мерките за штедење и најавените отпуштања.

На улиците излегоа и околу 2000 ученици и студенти. Поранешни офицери на армијата демонстрираа пак во дворот на Министерството за одбрана против кратењето на пензиите, за првпат во историјата.

Од Грците, кои не работат во јавниот сектор пак постојано се слуша, дека е крајно време да се заштедат пари на администрацијата. Парадоксално, но сепак и тие се против мерките за штедење на „Тројката“.

За да добие на време и да се влеат пари во државната каса, владата во меѓувреме го ублажи законот за забрана за пушење во јавниот простор. Локалите  поголеми од 300 кавдратни метри смеат половината да ја резервираат за пушачи. Условот за тоа е: такса во висина од 200 евра за кавдратен метар површина за пушачи.

Автор: Килиан Фефер/ ројтерс/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска