Германскиот производител на автомобили, автобуси и камиони е со седиште во Штутгарт. Компанијата имаше извонредна година во 2015, со раст на оперативниот профит од 36 проценти и раст на добивката за 15 проценти.
Најголем дел од профитот компанијата го остварува преку својот легендарен бренд „Мерцедес-Бенц“. Тоа е и најпознатиот продукт на Дајмлер. Во 2016 година Дајмлер продаде 3 милиони возила. Се смета за 13. најголем производител на автомобили во светот и најголем производител на камиони.