1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Дајмлер“ слабо заработи со продажбата на автомобили

Слабата продажба во Кина и високите трошоци за новите модели се одразија врз добивката на автомобилскиот концерн „Дајмлер“ во 2012 година. Севкупно меѓутоа е постигнат рекорден резултат.

Добивката на концернот „Дајмлер“ измината година се покачи од 6,0 на 6,5 милијарди евра. Овој рекорден резултат е постигнат пред се’ поради продажбата на акции на „Далјмер“ на Концернот за воздушни и вселенски летови „ЕАДС“. На тој начин добивката се зголеми за 700 милиони евра, се вели од концернот. Останатата продажба донесе малку пари. Особено силно е погодена автомобилската бранша „Мерцедес-Бенц карс“. Поради слабата продажба во Кина, високите давачки за нови модели возила и намалувањето на продукциските капацитети добивката се намали од 5,2 на 4,4 милијарди. Исто така и загубите при продажбата на омнибуси се одразија врз резултатот.

Dieter Zetsche Jahresbericht Daimler AG

Дитер Цече

Шефот на „Дајмлер“ Дитер Цече очекува наредната година да има значително подобрување на оперативниот резултат. Дотогаш програмата за штедење треба да донесе резултат. Со неа „Дајмлер“ треба да ги намали трошоците за околу три милијарди евра.

Во целиот свет „Дајмлер“ во изминатата година продаде околу 2,2 милиони автомобили, транспортери, камиони и автобуси - рекродна продажба досега со што се зголеми билансот од претходната година за четири проценти. Меѓутоа концернот не успеа рекордната продажба на возила да ја претвори и во зголемена добивка.

„Дајмлер“ се надева дека ќе може да постигне подобрување со новите модели. До 2020 година концернот сака да изнесе на пазарот 13 нови возила „Мерцедес“, модели кои немаат претхоници, изјави шефот на „Дајмлер“ Цече при претставувањето на годишниот биланс во Штутгарт.