1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дајмел: „Македонија има политичка стабилност остварена на поинаков начин“

Др. Јохана Дајмел е член на раководството на Здружението за Југоисточна Европа која активно работи на организирање конференции и истражувања за Западниот Балкан. Како политолог и славист добро ги познава приликите во регионот и активно ги следеше настаните во времето на распаѓањетона поранешна Југославија, војните што уследија потоа, како и напорите за воведување мир во регионот. Во интервјуто што го во

default

�еше нада Штајнман, Дајмел говори на тема - дали искуствата од науката се користат доволно во донесување на политички одлуки.

Во рамките на Здружението за Југоисточна Европа во изминатите години организиравте многу конференции поврзани со Западниот Балкан, издадовте публикации, одржувавте предавања... Дали сознанијата од науката беа користени во политиката?

Дајмел: “Не можам да ви посочам конкретен пример за тоа. Но, факт е дека без науката и нејзините темелни истражувања, како и без специјалните сознанија што ги носат експертите од нашето здружение, не би било можно да ги одржуваме сите овие манифестации. Дијалогот меѓу политиката и науката е апсолутно неопходен. Се обидуваме на нашите манифестации, на големите конференции или на мали работилници, да ги расветлиме настаните на Балканот и тоа како од аспект на политиката, што често мора да дејствува под притисок на настаните, така и од аспект на науката, која само набљудува. Се обидуваме и да дадеме евентуални практични упатства за политичарите.

Токму за време на војните на просторот на поранешна Југславија видовме дека имаше голем расчекор меѓу сознанијата на науката и политичките одлуки. Зошто се случи тоа?

Дајмел: “Мислам дека тоа е еден од резултатите поради кои сега сосема поинаку работиме. Многу научивме од тие тешки и интензивни искуства. Војните во поранешна Југославија ги изненадија политичарите, иако имаше предупредувања од страна на научниците во таа насока. Од тогаш германското Министерство за надворешни работи повеќе соработува со нас, повеќе бара наше мислење, мислење на научниците.“

Кој го финансира Друштвото за Југоисточна Европа?

Дајмел: “Ние ја имаме уште таа среќа да добиваме институционална финансиска поддршка, тоа значи 90% од средствата ги добиваме од Министерството за надворешни работи. Освен тоа, ние сме и Здружение кое добива средства и од членарина, како и од продажба на сопствените публикации. Овие ставки се за жал значително помали, но и покрај тоа ние сме независни во однос на политичките партии, а исто така не добиваме никакви директиви за нашето работење од министерството.“

Се случува ли службеник од некој реферат при министерството или некој политичар кој патува во регионот на Западниот Балкан да ви се јави и да побара информации?

Дајмел: “За такво нешто не станува збор, тука морам да Ве разочарам, но затоа при одделни проекти ја собираме соодветната документација и се обидуваме врз основа на тоа да направиме кусо резиме на таа тема и да му ја ставиме на располагање на Министерството за надворешни. Тоа е голем бирократско – дипломатски апарат. Но, затоа политичарите одделно бараат совет од нас и ние им ги испорачуваме бараните документи.“

Што се однесува до научниците кои доаѓаат од земјите на Западниот Балкан, може ли да се каже за нив дека се назависни во нивните истражувања или сепак се подложни на притисок од нивните земји или пак од очекувањата на Западот?

Дајмел: “Тоа ќе биде тешко вака да се процени, бидејќи секој мора во професионалниот живот да води сметка за некои работи, сеедно дали е институционално поврзан со нас овде или пак работи таму во регионот. Мислам дека голем проблем во инаку прекрасниот регион на Западен Балкан е финансиската мизерија, како и потешкотиитте околу можноста за патување .Ова се однесува на научниците, особено на помладите, кои тешко можат да излезат од нивната земја поради визниот режим. Нивните патувања во странство често пропаѓаат и поради недостатокот на финансиски средства. Токму затоа, за нас е многу важно еднаш годишно да ја одржуваме неделата на високошколците, на која каниме млади научници од Југоисточна Европа да дискутираат со нас. Тоа за нив е порта кон светот, за натамошни поврзувања со други научници во соодветни мрежи, за создавање контакти. Што почесто стапуваат во контакт со колеги од странство, тоа е подобро за нив на професионален план, за научниот дијалог, како и за нив лично во финансиска смисла. За нив на овој начин се отвораат нови перспективи.“

Претходно рековте дека војните во Југославија го изненадија Западот и затоа политиката не можеше бргу да реагира. Од тогаш изминаа повеќе години. Може ли да се каже дека сега политиката стана побудна и дека историските околности во регионот повеќе се земаат предвид отколку порано?

Дајмел: “Сосема јасно мислам да кажам : да! Тој простор беше кризно подрачје и воено жариште, и носи соодветна опасност за јадрото на Европа, јадрото овде го ставам под наводници. Сега е јасно дека сознанијата на науката се неопходни, зашто на политичарите им стана јасно дека тогаш потфрлија , беа принудени да реагираат бргу зашто беа изненадени од случувањата.Во истиот период тие тогаш беа соочени и со паѓањето на Берлинскиот ѕид, со распадот на комунизмот и нивното внимание беше свртено кон Полска и Русија. Балканскиот регион беше оставен на цедило, не му беше посветено доволно внимание, а зад некои решенија и денес имаме проблеми. За да се избегнат нови грешки се свикуваат седници во Министерството за надворешни, каде научниците ги изнесуваат своите мислења за одредени проблеми, и предлагаат можни решенија.“

Поранешниот германски министер за надворешни работи Клаус Кинкел во една прилика ми рече дека во Лисабон сакал да најде брзо решение за проблемот со Македонија, но намерата му ја расипал “стариот лисец“ - тогашниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Тој не сакал да го прифати предлогот на Западот, посочувајќи на спецификите во неговата земја и регионот. Според Ваше мислење кои беа најголемите грешки во регионот, направени од незнаење?

Дајмел: “Мислам дека беше комплетно потценет тешко забележливиот потенцијал на етнички конфликти. Политичарите се поведоа по илузијата дека Титова Југославија представува целина и затоа не ја очекуваа ерупцијата што се случи. Освен тоа и‘ подлегнаа и на илузијата дека Југославија заради нејзината позиција нема да има толку големи економски проблеми. Тоа не функционираше и како што знаеме ескалираа насилните конфликти во тоа подрачје. Она што посебно не‘ изненади беа националните барања за независност.Се соочивме со нови држави, кои според одредени принципи моравме да ги признаеме, дотолку повеќе што тие принципи ние самите ги создадовме. Од друга страна беше јасно дека тие се бореа со наследството од минатото. “

Какви поуки беа извлечени во меѓувреме?

Дајмел: “Една од поуките, посебно кога е во прашање Македонија, е постигнувањето на Охридскиот договор. Колку и да е тешко неговото спроведување и колку да е проблематично за луѓето во земјата, сепак договорот помогна ситуацијата да не ескалира во голем конфликт и насилство. Големото влијание од странство, кое се‘ уште е присутно има заслуга за тоа. Морам да нагласам дека и денес тоа не го сметам за нешто наметнато од надвор, туку советите и помагаат на земјата да ја гради иднината , зошто што Охридскиот договор се спроведува во согласност на сите замешани страни. Подобро не би можело да се да се документира дека се извлечени поуки. Такво нешто требаше да направиме порано и во Босна и Херцеговина. Принципите од Дејтонскиот договор, со посебните права за трите етникуми , покажаа дека не се добри за иднината на земјата. Тоа неодамна го покажаа и изборните резултати таму. Босна и Херцеговина тешко се движи кон политичка стабилност. Македонија е обид тоа да се направи одново, поинаку. Со Македонија е направен обид за нешто ново, поинакво од она што било порано.“