1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Дајмел: Во Бугарија најверојатно ќе има нови избори

Политичките партии во Бугарија нема да можат да формираат влада и најверојатно ќе има нови избори, прогнозира Јохана Дајмел. Таа предупредува дека евентуални социјални немири можат да се рефлектираат и во соседството.

default

Д-р Јохана Дајмел од Друштво за Југоисточна Европа по парламентарните избори во Бугарија е песимист дека големите партии, конзервативната ГЕРБ и социјалстите БСП ќе успеат да формираат влада во земјата. „Рововите се предлабоки“, вели Дајмел за ДВ и подвлекува дека се критикува и легитимитето на овие избори поради пронаоѓањето на 350.000 фалсификувани изборни ливчиња.

Дајмел прогонозира дека во септември ќе се одржат повтроно избори во Бугарија. „Дотогаш  би можело да има натамошна ’техничка влада’, чија првенствена задача ќе биде да го зачува социјалниот и политичките мир“. „Важно е бугарскто население (повторно) да ја добие довербата во својата држава“, вели Дајмел и апелира дека е време сега европските институции да бидат активни.

„Европскиот парламент и неговите фракции мораат да и помогнат на Бугарија да излезе од кризата. Станува збор за тоа да се подигне гласот и да се пронајде заедничка позиција на сите политички групи (конзервативците, социјалистите, зелените и либералите), кога се узурпира поделбата на власта, кога скандали со прислушување треба да се третираат како кавалерски деликт, кога новинарите мораат да стравуваат за својот живот итн. Припадноста на секоја од европските партиски фамилии е важна за сите бугарски партии, премногу често и премногу долго Брисел и Стразбур им го овозможуваа ова на бугарските политичари.

Понатаму неможе Бугарија да биде на радарот на европската политика само поради тоа што треба да се штитат надворешните граници на ЕУ и европскиот работен пазар од бугарските мигрантите во потрага работна. Ние во ЕУ мора да дозволиме и криитка на своја сметка, бидејќи од оваа позиција на одбрана фрлафме половични погледи кон внатребугарските процеси.  Меѓутоа може да се активира опасен процес, кој со оглед на тешката социјална положба на мнозинството Бугари имаа опасна диманика и може да заврши во насилни судири, кога на виделина ќе излезе фрустрација и безперспективност. Ова би можело да има потенцијал за регионална криза и со себе ја носи опасноста да се приошири, и на пример би можела да ја зафати исто и Македонија. Шокантно е што во Бугарија, значи во ЕУ, луѓе јавно се запалуваат! Во Тунис самозапалувањето од токму таков мотив доведе до почеток на протестите во арапскиот свет. Дека е потребна само една искра, исто и во Бугарија да се активираат широки маси, покажаа расистичките немири против Ромите во ноември 2011 година. На друга страна е ’гневниот граѓанин’ во позитивна смисла кој има политички интереси и сака да се ангажира - ова секако има позитивен потенцијал и цивилните актери барат политички платформи надвора од постечкиот партиски сепктар, бараат алтернативи. Од овој аспект би сакала нашите германски фондации да бидат уште покативни (...)“