1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Дајана Најад во петти обид да преплива од Куба до Флорида без заштита од ајкули

Пливачката Дајана Најад плива од Куба кон Флорида, обидувајќи се да биде првата личност која успеала да ја мине оваа релација без заштитен кафез од ајкули. За 64-годишната пливачка ова е петти и последен обид.

Храбрата пливачка ја започна петтата авантура вчера од Куба, пливајќи низ разбранувани води со ајкули и медузи. Ако успее да ги преплива 177-те километри, таа ќе биде првата личност која успеала го препливала теснецот меѓу Куба и Флорида без кафез кој штити од напади на ајкули.

Diana Nyad

Дајана Најад вели дека ова ќе и‘ биде последен обид да ги преплива студените и полни со ајкули морски води меѓу Куба и Флорида

Австралијката Сузан Маронеј успеа на 22-годишна возраст во 1997 година да го преплива овој теснец, но со заштитен кафез. Таа до сега е единствената која успеала во овој потфат.

За разлика од неа, Најад, која неодамна наполни 64 години, сега користи само специјален костим за капање, очила, заштитна маска за забите, ракавици, чизми и капа – сите дизајнирани за да овозможат заштита од нападите на медузите, кои ја спречија во нејзиниот последен обид во 2012 година.

„Признавам дека се работи за его. Ако за три или четири дена некако можам да ги кревам рацете и да го видам брегот, тогаш ќе имам чувство какво што немал ниту еден друг на оваа планета“, рече Најад. Таа првпат се обиде да плива во кафез во 1987 година, но по неколкуте неуспешни обиди, објави дека веќе не се враќа во водите преполни со ајкули.

Како и да е, сега таа е во вода и не плива сама. Најад е придружувана од тим од 35 луѓе, кои се на пет јахти и во два кајаци. Тие создаваат слабо електрично поле околу неа, кое треба да ги задржи ајкулите на одредена дистанца од неа. Тимот и‘ обезбедува храна и пијалоци на Најад.

Diana Nyad US-Schwimmerin von Kuba nach Florida 31.08.2013

Пловните објекти што ја придружуваат создаваат слабо електрично поле околу неа, кое треба да ја штити од ајкули

Пред да започне со пливањето, таа се заблагодари на шпански: „Ви благодарам, мои кубански пријатели“. Пливачката се надева дека со нејзиниот успех ќе ги подобри замрзнатите односи меѓу САД и Куба.

Се очекува во студените морски води, во кои има силни струи, таа да помине 80 часа и да пристигне некаде помеѓу Ки Вест и Маратон. Пред да скокне во морските води рече дека адреналинот и‘ расте забрзано.

„Тоа значи дека во еден дел сум возбудена. Ги направив сите тренинзи. Телото е подготвено. Мојот ум е подготвен. Од друга страна, морам да признаам дека сум исплашена“, рече пливачката.