1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дачиќ разочаран, Тачи оптимист

Нема место за дијалог, со оглед на тоа што Приштина не ги менува ставовите, изјави српскиот премиер во Париз. Тачи пак е оптимист дека може да биде постигната спогодба за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

default

Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска во Париз изјави дека Србија има рок до вторник (09.04) да се изјасни дали го прифаќа она што беше понудено во Брисел на разговорите меѓу Белград и Приштина. Дачиќ по разговорите со премиерот на Франција Жан Марк Еро рече дека во Брисел се говорело дека на Србија ќе и’ биде понудена широка автономија за Србите на Косово. „Од тоа нема ништо. Сега ние имаме рок до вторник да се изјасниме за тој предлог. Нема веќе за што да се води дијалог, бидејќи приштинската страна не сака да ги промени своите ставови“, рече Дачиќ.

Ivica Dacic / Kosovo / Brüssel / Serbien

Српскиот премиер Ивица Дачиќ

Српскиот премиер го оцени разговорот со неговиот француски колега Жан Марк Еро како добар и важен. Дачиќ меѓутоа оценува дека Србија нема ниту еден искрен пријател на Западот, кој би имал повеќе разбирање за нејзините ставови за најважните прашања кои го мачат регионот.

Тачи е оптимист

Премиерот на Косово Хашим Тачи денеска, пак, изјави дека е оптимист оти може да биде постигната спогодба за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Доколку нема спогодба, Србија ќе има тешки последици, но ниту Косово нема да мине подобро, оцени Тачи. „На Косово има скептици кои не веруваат во постигнување на спогодба, но јас сум оптимист дека тоа ќе се случи“, рече Тачи на отворањето на Меѓународната конференција за јавна дипломатија и меѓугранична соработка во Приштина.

Kosovo Konferenz Wien

Косовскиот премиер Хашим Тачи

Косовскиот премиер дополни дека доколку не биде постигнат договор, може да се очекува влошување на состојбата и повика натамошно да се работи за да се постигне спогодба со Србија. Според неговите зборови, во наредните денови и Приштина и Белград треба да донесат тешки одлуки, кои нема да бидат популистички.

„Дојдовме до извонредно значајна фаза, решавачка фаза. Можам слободно да кажам и дека сме во финалниот дел на процесот на решавање и отворање на осетливи теми, кои ни малку не се популистички ни за водството на Косово, а можеби и во Србија, но кои се во интерес на мирот и стабилноста како за Косово, така и за Србија и за целиот регион“, рече косовскиот премиер Хашим Тачи.