Дачиќ понуди иднина наместо минато | Свет | DW | 27.07.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дачиќ понуди иднина наместо минато

Српскиот парламент ја избра новата влада на чие чело застана социјалистот Ивица Дачиќ. Тој во обраќањето повика на помирување во регионот и поглед кон иднината.

Србија денеска доби нова влада која ќе ја води лидерот на Социјалистичката партија, Ивица Дачиќ. Владата е изгласана со 142 гласа „за“ и 72 гласа „против“.

Новата влада ја сочинуваат коалициите околу Српската напредна партија, Социјалистичката партија на Србија, Обединетите региони на Србија, Социјалдемократската партија на Србија и Партијата за демократска акција.

Владата има 17 министерски ресори, а премиерот Дачиќ ќе биде и министер за внатрешни работи. 46-годишниот Дачиќ, поранешен портпарол на социјалистите и близок соработник на Слободан Милошевиќ, во обраќањето од парламентот рече дека клучната цел на владата ќе биде членството во ЕУ и повика на помирување во регионот.

„Србија на сите им ја нуди раката за помирување. Ајде да не се занимаваме повеќе со минатото, туку да работиме за иднината“, рече Дачиќ.

За министер за надворешни работи е избран Иван Мркиќ, поранешен амбасадор во Кипар, за време на владеењето на режимот на Милошевиќ. Опозицијата го обвини Мркиќ дека бил главна врска при префрлањето на милиони долари, црни пари на режимот во кипарските оф-шор банки.