1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дачиќ: Поделбата на Косово е единствено вистинско решение

Српскиот премиер во интервју за весникот „Дело“ тврди дека ова е негов личен став и оти не може сопствените ставови да ги наметнува како оние што би ги прифатила цела Србија или меѓународната заедница.

„Сe’ уште мислам дека поделбата на Косово е најбрзо, најдобро и најправедно решение, кое е прифатливо како за Албанците, така и за Србите, бидејќи ги уважува нивните легитимни интереси“, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ, при тоа додавајќи дека „владата се залага за мирно решение и продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина“. Според него, тој дијалог треба да опфати и политички, а не само технички прашања.
Српскиот премиер оцени дека независноста на Косово „не може да биде целосна доколку нема согласност и договор со Србија“.
„На крајот на краиштата, Косово не е членка на Обединетите нации, а
Европската унија бара решавање на косовското прашање. Кога таа приказна би
била завршена, веројатно со неа повеќе нема да се занимаваме“, рече Дачиќ.
Тој рече дека Белград сака да го продолжи дијалогот со Приштина на највисоко
политичко ниво, дека владата заедно со претседателот на државата ќе формира
национална политика кон Косово, како и дека ЕУ мора да ги дефинира темите надијалогот.
Во подолгото интервју во „Дело“, Дачиќ повтори дека ЕУ не очекува од Србија
да го признае Косово.
„Поставувањето на Србија пред дилемата дека, доколку сака да влезе во ЕУ,
мора да ја признае независноста на Косово е многу штетно, бидејќи го јакне и
онака сe поприсутното антиевропско расположение“, изјави Дачиќ.

Поврзана содржина