1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Дачиќ не планира референдум за договорот со Косово

Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска изјави дека договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина ќе биде применет, иако Србите од северно Косово не го прифаќаат.

„Никој нема право оваа земја да ја доведува во ситуација на натамошна пропаст, особено бидејќи таа спогодба не е насочена против нашиот народ“, рече Дачиќ во емисија на ТВ Пинк.

Останува да се види, додаде тој, како да се намалат последици за српскиот народ и да се постигне договор со претставниците на општините во северно Косово.

„Спогодбата не е насочена против српскиот народ, напротив ние сакаме институциите на Србија на Косово да ги трансформираме во институции на заедницата на српските општини“, рече Дачиќ.

Тој напомена дека од друга страна Србија не ја призна независноста на Косово, не и овозможи на Приштина членство во Обединетите нации и Организацијата за безбедност и соработка во Европа и додаде дека „дополнително се оди кон трајно решение кое нема врска со ова“.

Дачиќ повтори дека нема причина Србите од Северот да се плашат бидејќи „албанската чизма таму не може да дојде“.

Говорејќи за референдумот, тој истакна дека на него најверојатно би победила опцијата која ја поддржува спогодбата, „не затоа што луѓето мислат дека спогодбата е добра, туку затоа што на луѓето им е преку глава да се занимаваат со ова прашање“.

На прашањето, кој одлучува дали ќе има референдим за бриселската спогодба Дачиќ рече: „Нема кого да прашуваме, ние ја водиме државата“.

„Сакавме да ги сослушаме Србите од Косово. Тие тоа го бараат. Сега испаѓа дека не е важно ни доколку се одржи референдум, бидејќи нема да ги признаат резултатите“, нагласи тој.

Тој ја отфрли можноста за одржување референдум за бриселската спогодба со Приштина.

„Нема да има референдум, рече Дачиќ, што е прв пат да биде изнесен ставот на Владата по ова прашање, откако на 19 април беше постигнат договорот со Приштина.