1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дачиќ: Важно е да се потврди дека разговорите со Тачи се статусно неутрални

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека денеска уште еднаш ќе побара потврда од Кетрин Ештон за тоа дека досегашните разговори со Приштина не го прејудицираат статусот на Косово.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека пред денешната владина седница, закажана за попладне, телефонски ќе разговара со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, која посредува во дијалогот меѓу Белград и Приштина, со цел да бидат разјаснети некои спорни прашања. Тој потенцира дека од неа ќе побара потврда дека досегашните разговори биле статусно неутрални.

„За нас е многу важно некој случајно да не протолкува дека она што ние сега го договараме има некое значење во поглед на прашањето на статусот на Косово“, изјави синоќа Дачиќ за ТВ Б92.

„Важно е да се потврди дека овие разговори се статусно неутрални, дека тие не прејудицираат некој иден статус, туку дека ќе ги продолжиме разговорите со претставниците на меѓународната заедница. Се договорив да се слушнам телефонски со Кетрин Ештон пред евентуалната седница на влада, тако што ќе имаме разјаснето некои спорни прашања“, изјави Дачиќ.

Првиот потпретседател на Владата на Србија Александар Вучиќ рече дека прво треба да се направи обид за Србите на Косово да се добијат уште некои гаранции околу клучните прашања поврзани со имплементацијата на Бриселскиот договор.

Поврзана содржина