1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Датум за преговори со ЕУ за време на унгарското претседателство?

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов очекува да се исполнат ветувањата на унгарското претседателство и одредувањето датум за почеток на преговорите за членство на Македонија да се најде на агендата на ЕУ.

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов

Иванов истакнува дека е реалист и дека очекува она што Унгарците го ветија, да го исполнат. „Тоа го вети премиерот Виктор Орбан и тоа тој на конференцијата во Брисел го кажа. Тие настојуваат Македонија да ги почне преговорите бидејќи ги исполнува сите услови“, посочи шефот на државата одговорајќи на новинарско прашање дали е можно Македонија да добие датум за преговори со ЕУ во јуни за време на унгарското претседателство и по најавата за расправа во германскиот Бундестаг за македонската евроинтеграција.

Flaggen der EU und Mazedonien in Skopje

На прашање дали Македонија се врти кон исток поради посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и најавата за кинески инвестиции во Вардарска долина, Иванов посочи оти таквите поделби веќе не се основани денес, а државата мора да ги следи современите текови.

„Ние сме се определиле за нашите стратешки цели - ЕУ и НАТО, но ние не можеме да ги запоставуваме нашите односи што ги градиме со другите. Мора да градиме политика на отвореност кон сите и да го бараме нашиот интерес. Нашите производители имаат интерес од пазари, нашите граѓани имаат потреба да комуницираат со светот“, рече Иванов по денешната посета на Воената академија „Михаило Апостолски“ во својство на врховен командант на вооружените сили.

Автор: ЖА/АТ/миа

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM