1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Дарфур – мировни сили

*

Мировната мисија за суданската покраина Дарфур треба да добие силен воен мандат, се бара во најновиот предлог поднесен до Советот за безбедност на ОН. Според нацрт резолуцијата силите од околу 20.000 војници треба да добијат право да ги користат сите можни средства во обидот да ги прекинат насилствата. Затоа целиот ангажман на мировните сили би требало да биде во рамките на 7-мото поглавје на Повелбата на ОН, кое дозволува и примена на сила. Во борбите меѓу арапските милиции и африканските бунтовници до сега загинале преку 200.000 лица, додека преку два милиони се протерани од нивните огништа.