1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Данците гласаа „против“, не „за“

По 10 години владеење на централнодесничарската коалиција, Данците гласаа за промени. На вчерашните избори, победи централнолевичарската коалиција.Социјалдемократката Хеле Торнинг-Шмит ќе биде прва жена премиер на Данска

default

Победничката Хеле Торнинг-Шмит: Ова беше долг пат

По десет години минати во опозиција, социјалдемократите имаат причина за славје - тие можат повторно да владеат, и тоа и покрај најлошиот резултат што го имаат постигнато во последните сто години. Хеле Торнинг-Шмит ќе биде прва жена премиер на Данска, пред се‘ благодарение на тоа што двете други партии од централно-левиот политички камп постигнаа добри резултати.

„Ова беше долг пат. Времињата беа тешки, но се боревме. Вечерва покажавме дека социјалдемократите се‘ уште се силна општествена сила.“

Dänemark Wahlen Wahl Regierung Kopenhagen Lars Loekke Rasmussen

Ларс Локе Расмусен, досегашен премиер на Данска

Социјалдемократката профитираше од незадоволството на многу дански граѓани од слабиот економски развој. Заострувањето во делот на политиката кон странци очигледно не и‘ беа од полза на централнодесничарската влада на Ларс Локе Расмусен. Многу гласови загуби пред се‘ коалициониот партнер, Данската народна партија која протежира политика непријателска кон странците во земјата.

Данска во иднина ќе биде предводена од социјалдемократска малцинска влада, во која ќе бидат народните социјалисти и социјал-либералите. Овие две партии отсекогаш се дистанцираа од политиката кон странците што ја водеше централнодесничарската влада, за разлика од социјалдемократите.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Лојен / Е.М. Фиданоска

Редактор: А. Трајковска