1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Данска ја запре Германија

Германските ракометари повторно се жалеа на одлуките на судиите во натпреварот против Данска. Актуелниот светски шампион не успеа да влезе во игра за медал. Македонија со пораз од Србија ја заврши втората фаза.

default

Од мечот во Задар

Хрватска-Полска и Данска-Франција, се двете полуфинални двојки на светското првенство во ракомет кое се одржува во Хрватска. Овие четири репрезентации беа најдобри во двете четвртфинални групи во кои синоќа се одиграа последните натпревари.

Највозбудливо беше во групата М2, каде Македонија го забележа третиот пораз во дуелот против Србија, 32:28. Македонија, како последна во групата во четврток во Загреб против Јужна Кореа ќе игра за 11-то место на шампионатот.

Во борбата за медал нема да учествува и актуелниот светски шампион Германија, која синоќа во Задар, во последниот натпревар против Данска беше поразена со 27:25. Германците повторно го загубија натпреварот во финишот по неколкуте грешки, но и спорните одлуки на судиите. Селекторот Хајнер Бранд по натпреварот беше незадоволен: „Едноставно нема основа за дискусија. Врз Доминик Клајн беа направени најмалку еден или два пенала, судиите не видоа ниту дека голманот Јоги Битер во претпоследниот напад на Данска ја одби топката во гол аут и досудија корнер за противникот. Се разбира дека потоа тој реагираше што е нормално во вакви случаи бидејќи тоа ќе беше доволно да се добие натпреварот,“ изјави Бранд.

Полска успеа во финишот

Германија и покрај поразот можеше да се надева на пласман меѓу четирите најдобри доколку дуелот меѓу Полска и Норвешка завршеше нерешено.

Handball WM Kroatien Reaktionen Heiner Brand reklamiert beim Schiedsrichter

Бранд во расправа со судиите

Меѓутоа Пољаците буквално во последните секунди од натпреварот го пресекоа нападот на противникот и погодија за конечни 31:30. Германскиот тим имаше многу проблеми и со повредите на играчите.

Селектор Хајнер Бранд сепак е задоволен од вкупно прикажаното на шампионатот од неговиот тим за којшто смета дека има добри шанси во иднина. „Кога ќе се погледне во какви услови и со каков тим моравме да играме, со играчи кои немаат искуство на меѓународни турнири, мислам дека тимот постигна голем резултат“ рече Бранд.

Германија утре во Загреб против Унгарија ќе игра за 5-то место. Ден подоцна на програмата се двата полуфинални дуела. Финалето и натпреварот за бронзениот медал на програмата се во недела.