1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Данска: уапсени потенцијални терористи

Две лица се уапсени во Данска, откако било откриено дека подготвувале терористички напади. Едниот од осомничените се обучувал во терористички камп.

default

Данските безбедносни служби соопштија дека уапсиле две лица од сомалиско потекло кои се осомничени дека подготвувале терористички напад во земјата. Апсењата биле извршени доцна синоќа во градот Архус, како и на аеродромот во Копенхаген. Безбедносната агенција соопшти дека со апсењата бил спречен конкретен терористички акт, но не наведе детали.

„Уапсените се осомничени дека биле во процес на подготовка на терористички акт, меѓудругото преку разговори за методите, целите и употребата на типови оружје. Еден од уапсените е исто така осомничен дека добивал обука и инструкции во камп на Ал Шебаб во Сомалија, за да го изведе нападот“, се наведува во соопштението.

Двајцата уапсени се браќа на возраст од 18 и 23 години, и имале данско државјанство.