1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Данска и’ ја „украде“ победата на Македонија, Германија на Србија

Македонската ракометна репрезентација загуби во последните секунди против Данска, а Германија во последниот напад извлече бод против Србија. И натпреварот Полска – Шведска од истата група заврши со нерешен резултат.

default

Германија извлече нерешен резултат против Србија, а Данска победа против Македонија

Селекторот на данската репрезентација Улрик Вилбек рече дека неговата екипа имала многу среќа во вчерашната победа над Македонија со 33:32.

„Немавме среќа во првите натрпевари, но затоа денеска имавме многу, многу среќа“, изјави Вилбек по синоќешниот натпревар. „Ги пуштивме Македонците да се вратат во последните минути и им дадовме можност да победат, но имавме многу среќа“, рече Вилбек пред новинарите по натпреварот во белградската Арена.

Селекторот на данската репрезентација изјави и дека Македонија играше “фантастично во првите 25 минути“, кога Данците во одбраната „не можеа ништо да направат“. Тој додаде и дека во второто полувреме данскиот тим ја забрзал играта. „Микел Хансен играше фантастично и во секој напад имавме прилика да постигнеме гол“, рече Вилбек.

За македонскиот тим виновни се лошата среќа и заморот

EM Handball Mazedonien gegen Schweden

Кире Лазаров смета дека немал среќа со последниот шут

Селекторот на македонската репрезентација Звонко Шундовски оцени дека македонската екипа не го издржала високиот ритам на играта. Причината за поразот ја побара во заморот.

„Ова беше многу тежок пораз. Не го издржавме високиот ритам, а последицата од тоа е јакото темпо, бидејќи игравме три натпревари во Ниш. Не‘ совлада заморот“, рече Шундовски.

Капитенот Кире Лазаров оцени дека немал среќа во последниот шут, по кој Данците ја однесоа победата.

„Немав среќа со последниот удар кој се одби од ногата на голманот и топката заврши во рацете на Данците, кои со брза контра завршија како победници. Но, тоа е ракометот. Не бевме надиграни и повторно оставивме играта да ни‘ се извлече од раце во драматичен финиш, како што направивме против Шведска и Германија“, рече Лазаров.

И македонскиот голман Борко Ристовски оцени дека на неговиот тим му недостасувала среќа.

„Несреќен сум, ама нема да гледаме назад. Никој до сега на првенството не не’ надигра. Се концентрираме на следниот натпревар“, рече голманот Ристовски.

Данскиот ракометар Каспер Нилсен оцени дека неговата екипа имаше многу проблеми во нападот и дека поголем дел од натпреварот имала проблеми.

Данкска се врати во игра во второто полувреме

Sport Handball EM Schweden gegen Mazedonien

Околу 5 000 македонски навивачи беа во белградската Арена

Поразот од Данска дојде на стартот од натпреварите од втората фаза на Европското првенство што се одржува во Србија. Македонската репрезентација во првото полувреме водеше и со шест гола разлика, а на полувремето одитиде со предност од три голови. Но, данските ракометари, преку својот најефикасен играч Хансен, во вторите 30 минути успеаја да се вратат во игра и да го добијат мечот, преку контра напад во последните секунди од натпреварот.

Кире Лазаров со 13 гола беше најефикасен играч на мечот, пред Микел Хансен со 12 погодоци. Во белградската Арена дуелот го следеа повеќе од 5.000 македонски навивачи.

Македонија во првата група останува со еден бод пренесен од првата фаза на Европското ракометно првенство. В понеделник македонската селекција ќе игра против Полска, а в среда со домаќинот Србија.

Германија и' ја одзема победата на Србија во последните секунди

Handball Europameisterschaft Deutschland - Serbien

Србија на полувреме водеше 12:7 против Германија

Германскиот весник „Ди Цајт“ на својата интернет страница пишува дека пет тима се надеваат на претквалификација за Олимпијада во Лондон. Покрај германскиот тим, „Ди Цајт“ во таа група ги вбројува Србија, Полска, Македонија и Словенија.

Германскиот и српскиот тим по нерешениот натпревар имаат по пет бодови и остануваат на водечките места во групата со Македонија. Трета е Полска со три бодови, по неа се Данска и Шведска со по два, а Македонија има еден бод.

Српскиот тим вчеравечер не успеа во последните секунди да го запре шутот на германскиот ракометар Свен Сорен Кристоферсен, кога Германците имаа и играч повеќе. Мечот заврши 21:21, иако на полувреме разликата во полза на Србите беше 12:7.

Автор: Александар Методијев /бета/миа/www.zeit.de

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска