1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Даночната законска џунгла во Германија

Германското даночно право, сметаат експертите, е неправедно, непрегледно и пребирократизирано. И сите овие критики се оправдани, над се поради ужасната компликуваност. Дури и на стручњаците им е тешко иако половината од светската литература на тема даноци се објавува во Германија. Неправедноста и непрегледноста наликуваат на измама. Притоа, измамата воопшто и не е потребна како што пред повеќе години покажа милионерот Роберт Фогел. Тој ги искористи сите легални можности кои покажаа дека е сиромашен и затоа треба да добива социјална помош. Секао не доби ништо, но затоа беше поканет на средба кај тогашниот покраински министер за финансии Хорст Гобрехт на која обајцата се согласија дека во Германија веќе не може да се зборува за ефикасен даночен систем и дека итно е потребна даночна реформа. Неа даночните обврзиници се уште ја чекаат. Сите напори за реформа само уште повеќе го компликуваа целиот систем. Во последниот легислативен период германскиот Бундестаг за подрачјето даночно право усвои 84 закони. Кон тоа треба да се додадат уште 33 правила и 629 упатства од сојузното министерство за финансии. За даночни изјави и подигање на даноците на сојузот, покраините и општините, потребни се вкупно 185 формулари. Оттаму и на даночните советници и на финансиските службеници прегледноста им е се потешка. Затоа не е чудно што во голем број случаи, даночната постапка завршува пред финансиските судови на кои за секоја постапка им е потребна во просек годинаипол. Некои ги окончува дури смртта на обврзникот. Државата годишно од даноците собира околу 450 милијарди евра. Меѓутоа, оданочувањето не се одвива според висината на приходите и ефикасноста, туку според способноста на даночниот советник и мајсторството во исполнувањето на даночната изјава. На тоа треба да се додадат и пропустите на законодавецот. Затоа реномираниот професор Клаус Типке, кој работеше во министерството за финансии, а сега е генералан директор на Европската комисија, со право тврди: германското даночно право е комплексно, скапо, неефикасно, неправедно и погрешно водено. На Германија, вели, не и се потребно пониски, туку подобри даноци.