1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дамаск подготвен на примирје и размена на затвореници

Дамаск е подгoтвeн на примирје во Алепо и размена на затвореници за сириски војници, најави сирискиот министер за надворешни работи во Москва. Освен тоа постоела согласност и за воспоставување хуманитарни коридори.

Кратко пред почетокот на планиранта мировна конференција, сирискиот режим прави отстапки во однос на бунтовниците. Дамаск на противниците на владата им нуди примирје во градот Алепо како и размена на затвореници, изјави министерот за надворешни работи Валид ал Муалим при посетата на Москва. Тој на неговиот руски колега Сергеј Лавров му поднел предлог за безбедносни мерки, со кои треба да се постигне положување на оружјето во Алепо. Сега треба да се утврди кога би почнало примирјето.

Досега режимот на сирискиот претседател Башар ел Асад постојано одбиваше да биде направена размена на затвореници за сириски војници.

Владата во Дамаск освен тоа била подготвена и на „редица хуманитарни мерки“, изјави рускиот министер за надворешни работи Лавров. Ова му го потврдил неговиот сириски колега. Кон ова меѓу другото се вбројува и испорака на помош до селата во различни региони, дополни рускиот шеф дипломат.

Размена на затвореници и воспоставување на хуманитарни коридори за испорака на помош се едни од барањата кои Лавров и американскиот министер за надворешни работи Џон Кери ги формулираа на конференцијата за Сирија, што се одржа во понеделникот во Париз.

Мировните преговори треба да почнат во среда (29.01) во Швајцарија. Сириската опозиција денеска треба да донесе одлука дали ќе учествува на конференцијата.