1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дамаск демантира користење на хемиско оружје

Официјален Дамаск денеска ги отфрли обвинувањата на САД дека сириската армија користела хемиско оружје во граѓанската војна во земјата. НАТО оценува дека тое е неприфатливо.

Владата во Дамаск ги отфрли обвинувањата од страна на САД за употреба на хемиско оружје од страна на сириската армија, оценувајќи ги како „лаги“. Соопштението на Белата куќа било „полно со лаги“ соопшти претставник на сириското Министерство за надворешни работи, според информации на државната новинска агенција Сана.

Американската влада претходно соопшти дека употребата на хемиско оружје во сириската граѓанска војна од страна на трупите на претседателот Башар ел Асад било докажано. Истовремено САД ветија „воена поддршка“ за опозиционите бунтовници.

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен денеска оцени дека каква и да е употреба на хемиско оружје во Сирија е неприфатлива и претставува кршење на меѓународното право.

„Тоа е прашање што предизвикува голема загриженост. Меѓународната заедница јансо рече дека каква и да е употреба на хемиско оружје е целосно неприфатлива и претставува кршење на меѓународните закони“, изјави челникот на Североатлантската алијанса Андерс Фог Расмусен. Расмусен не говореше за евентуални чекори што би можела да ги преземе Алијансата.

Расмусен меѓутоа ги повика владата и опозицијата во Сирија да учествуваат на меѓународната конференција, што се подготвува на иницијатива на Русија и на САД и ги повика сите страни вклучени во конфликтот „веднаш да го сопрат крвопролевањето“.

Генералниот секретар на НАТО претходно неколку пати повтори дека Северноатланската алиајнса нема намера воено да интервенира во Сирија.