1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дали ќе има предвремени избори?

Во медиумите се шпекулира дека премиерот Никола Груевски се подготвува за предвремени избори во Македонија,тој не ја исклучи можноста,иако најави дека сака да го заврши мандатот до крај.Опозицијата во принцип е согласна

default

Премиерот Груевски

Најголем централен буџет за 2008 година,покачени плати и пензии,субвенции за пензионерите од 45 милиони евра,социјални станови,компјутери за 10 илјади апсолвенти,Овие социјално економски ефекти и потези беа доволни да се разгорат страстите и шпекулации дека премиерот Груевски,лидер на ВМРО ДПМНЕ се подготвува за предвремени парламентарни избори.Според одделни медиуми,за јули или септември,за одредени домашни политичари и побрзо,во зависност од одлуката дали Македонија во март ќе добие покана за НАТО.Првите шпекулативни анализи ги правел претседателот Црвенковски на брифинг со група новинари.Потоа следуваа написи,па новогодишно интервју за Вечер во кое самиот Груевски не ја исклучи можноста од одржување нови избори.

Опозиционата СДСМ вели дека во принцип би требало секогаш да е за предвремени избори.Македонија оваа година треба да изработи покана за прием во НАТО,почеток на преговори за членство во ЕУ,ден потоа може да се оди на избори.