1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дали ќе има нова истрага за атентатот врз Глигоров?

Професорот Љубомир Фрчковски го откри идентитетот на „сведокот“. Истражните органи во Македонија сега се исправени пред дилемата, дали повторно да се отвори досието за атентатот врз Глигоров? На потег е обвинителството.

default

Киро Глигоров, поранешен претседател на Македонија

Ќе се отвори ли по 13 години нерасчистеното досие за атантатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров? Професорот Љубомир Фрчкоски го откри идентитетот на човекот кој му дал информации што директно ги инволвираат македонските тајни служби во атентатот врз Глигоров. Обвинителството е на потег. Ќе го сослуша сведокот што го откри Фрчкоски во својата колумна, а потоа ќе одлучи дали ќе отвори нова истрага за случајот.

Екс минситерот за внатрешни работи, Павле Трајанов, во чие време беше распишата милионска награда за информација што би помогнала во расчистувањето на случајот се сомнева во кредибилитетот на сведокот што го понуди Фрчкоски во Дневник.

Полицијата стои на располагање за обвинителството

Обвинителството ќе го сослуша поранешниот припадник на ДБК кој на Фрчкоски му открил дека тој самиот, а не некој германски турист ја направил фотографијата на Ами возилото во кое беше поставена бомбата. Министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоски вели дека полицијата му стои на располагање на обвинителството.

Атентатот врз Глигоров е една од најголемите мистерии на современата македонска држава. Сеуште е нејасно кој и од кои причини посегна по животот на првиот шеф на новата држава. Во обидот да се утврди мотивот се споменуваа неколку варијанти од кои нај експонирани беа братиславксата врска и бугарски мултигруп. Тезите за мафијашко деловни мотиви исто како и истрагата имаа многи празнини. На некои од пропустите потсетува и поранешниот шеф на полицијата Трајанов: „Непосредно пред атентатот врз Киро Глигоров имаше кражба на експлозив од магацините на МО. Ист таков експлозив беше употребен во атентатот. Во истото Министерство за одбрана беа украдени 12 далечински управувачи за активирање на експлозив. Тие се некои од елементите, кои што даваа сомнеж, дека не се сакаше во тоа време до крај да се расчисти.“

Експертите по криминалистика сугерираат сериозно да се пристапи кон новите сознанија иако признаваат дека според статистиката очекувањата не треба да бидат големи. Од атентатите што се случуваат ширум светот се откриваат само 7 проценти.

DW.COM