1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Дали уште важи-„занаетот е злато“?

Германските занаетчии релативно добро поминаа во кризната 2009 година. Но, пред нив сепак стојат големи предизвици - им недостасуваат чираци и калфи, а меѓусебната конкуренција е се’ поостра.

default

Занаетчиите уште имаат порачки

Лепење тапети и бојосување на две соби, правење дрвена настрешница за осум метри долга тераса, обнова на електроинсталацијата во семејна куќа - ова се само три од преку 30 илјади нарачки застапени во еден познат германски портал за нарачки за занаетчиски услуги. Налогодавачот одредува максимална цена, заинтересираните занаетчии со своите понуди лицитираат надолу. На крајот за налогодавачот цената во просек испаѓа 30 проценти поевтина. Соочени со условување за натамошно намалување на цената што стои во нивната понуда кога ќе добијат одреден налог, занаетчиите се жалат дека се’ почесто мораат да ги одбијат понудите.

Различни искуства од кризата

Во Германија има речиси еден милион таканаречени мали и средни занаетчиски претпријатија, во кои работат околу 4,8 милиони луѓе. Секој трети ученик во стопанството се обучува во занаетчиска фирма. Занаетчиството е хетерогено, искуствата од кризата различни.

„Имаме значителни проблеми во областите блиски до индустријата, кои се многу извозно ориентирани - во нив кај нарачките и приходите непосредно се одразува падот што го доживеа индустријата. Други области, пак, значително профитираа од мерките за поддршка од германската влада“, вели Холгер Шванеке, генерален секретар на Централното здружение на германското занаетчиство.

Од двата конјунктурни пакета на владата за минатата и за оваа година, во вкупен обем од 80 милијарди евра, посебно профитираа занаетчиите од областа на градежништвото. Но, мнозинството од занаетчиските претпријатија се соочени со се’ поголеми проблеми со финансирањето.

„Кај краткорочните кредити за тековно финансирање констатираме пад од седум до осум проценти во споредба со лани, што е многу, укажува Шванеке. Банките уште и значително ги заострија условите за доделување кредити.“

Schornsteinfeger auf dem Dach

Привлекување подмладок

Не недостасуваат само пари, туку и подмладок. Недостиг од стручни кадри има од поодамна, а минатата година останаа непополнети и речиси десет илјади места за обука за ученици во стопанството.

„Ова се должи на демографски причини, потоа на недоволната индивидуална мобилност, но и на неспособност за обучување на некои, кои доаѓаат. За нас ова останува централна тема за во иднина“, констатира Шванеке.

Symbolbild Handwerk Herrenausstatter in Deutschland

Ако до неодамна стануваше збор за создавање доволно места за обука на ученици, тежиштето во иднина ќе биде врз обезбедување на потребите од стручна сила. Тоа значи дополнително оквалификување на младите кои со слаб успех го завршиле школувањето, но и привлекување на добри ученици во занаетчиството, вели Шванеке.

„Го користиме секој момент да објасниме дека во занаетчиството не е највисоко достигнување добивање диплома за мајстор, туку потоа стои отворен и патот за студирање. Сега покраините треба да да ја спроведат можноста способните кандидати, кои располагаат со соодветно знаење, да можат да се пробијат и на универзитетите“.

Конечно, високата технологија навлегува и во занаетчиството и за идните мајстори нема да биде доволна само мануелната вештина.

Автор: Сабине Кинкарц/ Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска