1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Дали тероризмот има врска со религијата?

Дали теророт навистина има врска со верата или религијата се злоупотребува само како изговор? И дали воопшто може да се направи линија на поделба меѓу оние што се нарекуваат терористи и борци за слобода?

Заложничката драма во Русија

Заложничката драма во Русија

Коментар на Петер Филип

Англиканскиот свештеник Елијас Кори, во 1971 година од страна на Израелците беше протеран од Рамала во Јордан, поради тоа што наводно транспортирал терористи, кои поставиле бомба во еден супермаркет во Ерусалим. Во Аман подоцна, веќе во бискуп унапредениот Кори, немаше ништо против оправдувањето напади врз цивили во супермаркетите – конечно тие се само војници во слободното време, изјави тогаш Кори. И децата еден ден ќе станат војници.

Контроверзното мислење на еден христијански свештеник како прво демонстрира дека тероризмот во никој случај не е ограничен само на една религија, на пример исламот, и дека како второ, нема и не може да има јасна дефиниција за тоа што ги прави луѓето терористи. Тоа не е само погрешно разбраната верска ревносност, ниту само расистичката или националната омраза, ниту пак само економскиот или политичкиот очај. И токму поради тоа, светот има се поголем проблем со тоа како треба или како може да се однесува кон тероризмот. Да не говориме за тоа дека поимот терористи може да биде различно употребен – терроситите од вчера, можат да станат почитувани политичари утре. Јомо Кеијата, првиот претседател на Кенија и кипарскиот бискуп Макариос се само два примера за тоа. Шефот на ПЛО, Јасер Арафат, е веројатно третиот.

За да се дефинира тероризмот, решавачи треба да биде начинот на однесување. Кој се обидува да оствари политички цели со напади врз недолжни цивили, тој недвосмислено се вбројува во таа категорија. Светот би напраил добро кога би ја презел ваквата дефиниција. Наместо тоа во светот сеуште важи мотото ”Она што за едни е борец за слобода, за други е терорист”. Фронтовите веќе одамна не се јасни и недвосмислени. Терористите не ги бираат своите жртви. Тие напаѓаат слепо. Главно е – човештвото да се направи несигурно и да биде тероризирано.

Против цваквиот слеп тероризам човек е прилично беспомошен. Понекогаш, терористите ги поврзуваат своите дела со барања, но и туак постои една длабока дилема – да се остане тврд или да се попушти и со доа да се валидира рецептот на терористичка изнуда? Избор меѓу чума и колера. Трет пат, како на пример насилнички акции за ослободување на заложниците, не секогаш може да се одбере.

Дали светот е беспомошен во однос на тероризмот? И, дали тој, како што се чини деновиве, станува секојдневие не само во Ирак, Русија или Палестина? Токму од такво нешто постои закана ако на мнозинството во светот, на запад, исто како и во исламскиот свет или во Русија и Латинска Америка, не му стане јасно дека секое прекумерно насилство треба да се отфрли и дека не треба да се оправдуваат сопствените дела, а тероризам да се нарекува она што го прават другите. Најнов пример – Палестинците кои славеа на улиците на Газа по омнибус нападите во Бершева. Тие треба да согледаат дека можат да бидат следните жртви. Исто како што израелскиот премиер Шарон мора да знае дека преострите потези предизвикуваат контранасилство на другата страна. Поука, што требаше да ја добие и Џорџ Буш во Ирак и Владимир Путин во чеченија. И, тука наведуваме само некои.

Признаваме – лесно е да се критикува, но тешко, или можеби невозможно да се понудат делотворни рецепти. Но, можеби е од помош ако сите почнат да согледуваат дека насилството и тероризмот не можат да се запрат на ист начин и дека жртви нема само на една страна. Тогаш би останале само уште оние кои никогаш не учат, но тие би се загубиле во мноштвото разумни. Убава визија. Преубава за да биде вистинита.