1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дали сириската армија може да издржи американски напад?

Доколку американскиот Конгрес даде зелено светло, Сирија наскоро би можела да биде нападната. Експертите не веруваат дека Сирија е во состојба да одговори на нападите. За силата на сириската војска мислењата се поделени.

Како ќе реагира сириската армија на ограничената воена акција?Засега е познато дека сириската војска, во рамките на подготовката, своите сили ги премести во станбените делови на главниот град Дамаск. Така барем тврдат жителите. Војниците, наводно, го сместиле оружјето и опремата во станбените згради, училиштата и студентските домови. Една џамија во делот од градот кој се вика Ал Мезех е претворена во касарна. Моментално, може само да се шпекулира за воената сила на Башар ал - Асад, две години по почетокот на граѓанската војна.

Политички несигурна војска

„Асад има голема армија, но повеќето од неговите војници се сунити“, објаснува аналитичарот Џон Пајк за Дојче веле и додава дека системот е проблематичен и на повисоките воени позиции: „Поголем дел од неговата војска е политички несигурна. Само мал број на офицери ја имаат неговата доверба. А офицерите алавити на кои им верува, мора да останат во касарните за да се погрижат да не дојде до бунт“.

Russisches Flugabwehrsystem vom Typ S-300

Не се исклучува можноста Сирија да поседува ракетен систем С-300

Сириската војска, во теорија, важела за една од најсилните во арапскиот свет. Меѓутоа, по долгата граѓанска војна, не ослабнала само нејзината борбеност, туку значајно се намалиле и воените единици. Бројот од 325.000 војници скоро се преполовил, пишува Меѓународниот институт за стратешки студии во Лондон во анализата објавена во март годинава. Политикологот Албер Штахел од Циришкиот универзитет, во разговор за Дојче веле вели дека и тој број во меѓувреме доста се намалил. „Армијата е ослабена од дезертерството на генералите и многу војници. Во таа смисла таа војска е веќе скршена“.

Модерна ракетна одбрана на сириската војска?

Геополитичкиот експерт од Цирих, Штахел, смета меѓутоа, дека залихите на оружје се се` уште големи. Војската има седум тенковски, три пешадиски дивизии и две дивизии на специјални сили на Републиканската гарда, задолжена за одбрана на Дамаск. Штахел објаснува дека Советскиот сојуз, а потоа и Русија со години и даваат оружје на сириската армија.

Еден од командантите на руската противвоздушна одбрана, на кој не му се наведува името, не ја исклучува можноста Сирија да поседува модерен руски ракетен одбранбен систем С-300.

Symbolbild Gift Giftgas giftiger Abfall Tonne Fass

Се проценува дека Сирија има 1000 тони на хемиско оружје

Повеќе од 1000 тони отровен гас

Уште од израелско-арапската војна од 1973 година, Сирија поседува залихи на отровен гас. Според податоците на француската тајна служба, станува збор за 1000 тони на хемиско оружје. Како снабдувачи се споменуваат и Иран и Русија. Меѓутоа, се претпоставува дека Сирија и сама произведува отровен гас.

Опсегот на хемиското оружје е и до 800 километри, вели Штахел. Тој сепак не верува дека тоа оружје во случај на напад би можело да се искористи против американските воени бродови, како ни против Израел, во знак на можна одмазда.