1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дали синдикатот ја исполнува функцијата

Први мај е повод за синдикалните лидери во Македонија да констатираат дека работничките права се максимално загрозени, но и да истакнат дека не е точен впечатокот дека во изминатите 17 години не е ништо подобрено

default

Загрозени работнички права

Македонија го дочекува меѓународниот пеазник на трудот, први мај, со висока стапка невработеност и продолжена агонија на транзицијата. Според статистиките повеќе од половината од оние кои се вработени примаат плати пониски од државниот просек.

Тука треба да се активира синдикатот, но каква е неговата улога 17 години по осамостојувањето?