1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Дали се работи за терористички напад?

Руското обвинителство започна анти-терористичка истрага по вчерашното излетување од шините на брзиот воз кој патувал на релација Москва Санкт Петерсбург при што што беа повредени десетици лица.

default

Според досегашните сознанија, по се изгледа дека станува збор за напад врз возот со домашно изработена бомба , но сеуште нема индиции за тоа кој го извел и кој стои зад него.

Првите информации стигнаа преку блог-порталите на интернет :возбудени патници им се јавиле на своите роднини, испратиле смс пораки преку мобилните телефони и ги известиле за експлозијата. Според нив , брзиот воз Нева експрес , излетал од шините при брзина од 180 километри на час и голем број од 12-те вагони се превртеле.

Сеуште не е докрај сигурно , но се повеќе детали говорат дека навистина станува збор за напад. На местото на несреќата пронајден е домашно изработен детонатор како и кратер во земјата со по метар и половина во должина и во ширина . Експертите веќе проценуваат дека за создавањето на ваков кратер е неопходно експлозивно полнење од 500 грама ТНТ.

Од 231 патник и околу 20 членови на екипажот на возот , повредени се 60 лица , 25 од нив се пренесени во локалната болница. Три лица пак се здобиле со тешки повреди и морале да бидат однесени во Санкт Петерсбург .

Одговорните од владата поитаа на местото на несреќата . На заменикот шеф на руската железница меѓутоа му беше дојдено само до задоцнувањата и материјалните штети:

“ Руската железница им се извинува на патниците за овие непријатности. Задоцнувањето на возовите изнесува 4 до 6 часа. Претседателот на руските железници Владимир јакунин го прекина службеното патување . Штетите се огромни : Еден вагон чини милион долари , а настрадани се 12. Покрај ова тука се штетите на локомотиватат на шините и секако штетите за моралот”

Железничката линија меѓу Москва и Санкт Петерсбург е најфреквентна во Русија и ги поврзува двата најголеми града во земјата . Тоа што во случајов е погоден најмодерниот воз , кој дестинацијата од 700 километри ја минува за само 4 часа , би можело да претставува укажување на симболичката моќ на претпоставениот напад. Сеуште меѓутоа не е јасно , кој стои зад атентатот , и сеуште не може со апсолутна сигурност да се каже , дека навистина станува збор за терористички напад.

Но паѓа во очи тоа што на Русија за кратко време и претстојат избори најнапред за Думата во декември а потоа и за претседател во март наредната година . Во изминатите години во Русија имаше значително помал број терористички напади. Војната во Чеченија важи за официјално завршена. Повеќето водачи на бунтовниците се или мртви или во затвор . Мирно е и во руските републики во соседството на Чеченија во северниот Кабказ . Таму пред неколку години се случуваа голем број напади врз возови .