1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дали се одмотува клопчето за реконструкција на владата?

Македонската влада се’ уште не ја потврди информацијата за евентуална оставка на министерот за образование Перо Стојановски. Тоа би била втора оставка за две недели. На удар на критиките е и министерот за правда.

default

Универзитетот во Скопје

Телевизијата А1 објави дека Перо Стојановски поднесе оставка како прв човек во ресорот образование. Во ВМРО ДПМНЕ не можат да ја потврдат оваа информација, вели Илија Димовски, пратеник и шеф на центарот за комуникации на владејачката партија. Тој не го демантира ни прашањето, ниту потврдува, дали од кабинетот на премиерот Никола Груевски заминува уште еден член на владата, по неодамнешната оставка на вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски.

Министерот Стојановски е недостапен за јавноста, но можно е да биде дел од најавената евентуална реконструкција на владата, со оглед јавните критики насочени кон него. Медиумите пренесуваат дека на министерот му се забележува поради заострување на

Schule Niko Nestor

Училиштето Нико Нестор во Струга

политичките и образовните процеси. Во меѓувреме пропадна законот за веронаука, избија конфликти во струшкиот образовен центар, деновиве има континуирани протести од страна на учениците Албанци, кои сакаат да се запишат во средното медицинско училиште во Скопје, настана и судир со државните универзитети околу исплатата на универзитетските плати по новиот систем. Минисерот Стојановски деновиве против законски именуваше и ректор на новиот Тетовски универзитет, иако тамошниот совет избра свој професор за прв човек на оваа високо-образовна институција на албански јазик.

Нема најави за евентуална реконструкција на владата

Од владата засега нема никаква информација околу можната оставка на министерот за образование, премиерот Груевски не објави ниту дали и кога би дошло до евентуална реконструкција на неговито кабинет. Иако медиумите во меѓувреме објавија дека младиот Васко Наумовски ќе биде наследник на Ивица Боцевски, до сега нема потврда од владата. За министерот за правда Михајло Маневски, кој неодамна од собраниската говорница беше обвинет дека против законски примал и плата и пензија, пратеникот Владо Бучковски поднесе кривична пријава и своја документација до државниот обвинител. На министерот му префрлуваат и поради непримената на веќе усвоените закони од евроагендата. Наспроти ова пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ излезе со заеднички став дека европската агенда е во центарот на интересот на владата и на ВМРО ДПМНЕ.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска