1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дали Северна Кореја навистина ќе лансира ракета?

Има ли намера Северна Кореја да тестира ракета со долг дострел, која може да стигне дури до САД, или не? Веста за наводни намери на Северна Кореја да тестира ракета до типот Таеподонг-2, кружи низ светот, а реакциите се движат од возбуда преку осуда до предупредувања.

Од претходните тестови на ракети во Северна Кореја

Од претходните тестови на ракети во Северна Кореја

Американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс, ја предупреди Северна Кореја да не тестира ракета со долг дострел. Ваков тест би бил провокација, рече Рајс, по разговорите со колегата од Шпанија, Мигуел Анхел Моратинос во Вашингтон. Кондолиза Рајс,сепак, не соопшти како САД би реагирале доколку такво нешто се случи: “Доколку Северна Кореја одлучи да лансира таква ракета, тоа би бил многу сериозен и провокативен акт. Би се консултирале за нарендите чекори, но можам да дадам уверување дека тоа би било земено крајно сериозно.“

Американскиот амбасадор во ОН, Џон Болтон, изјави дека заедно со други земји членки на Советот за безбедност на ОН, се разгледуваат можни санкции. Загриженост околу целиот проблем изразија и Јапонија и Австралија. Јапонскиот премиер, Јунихиро Коизуми, не бираше зборови за да и стави на Северна Кореја јасно на знаење дека Токио нема да гледа мирно на евентуални нови тестови на ракети: “Ние сме подготвени да дејствуваме на различни начини за да ја принудиме Северна Кореја да биде разумна и да има самоконтрола и да не торпедира ракета како Таеподонг. “

Ракетата Таеподонг 2 е долга 35 метри и поставена е на една база за лансирање на северо-источниот брег на Северна Кореја. Според американски сознанија, добиени со помош на сателитски снимки, ракетата е наполнета и со нејзино лансирање би требало да се смета во рок од еден месец. Тоа би значело, дека Северна Кореја, која последен пат лансирање ракета со долг дострел пред осум години, ќе го прекрши даденото ветување дека тоа веќе нема да го прави. Колку американските сознанија се веродостојни, сеуште не е целосно утврдено, со оглед на фактот дека јужнокорејската влада денеска скептично соопшти дека досега нема клучни знаци за тоа дека Пјонгјанг ќе тестира ракета или сака да испрати сателит во вселената. “Тешко е да се утврди дали Северна Кореја воопшто ќе го лансира неидентификуваниот објект или не“ рече портпарол на владеачката партија во Северна Кореја, УРИ.

Кина денеска, воздржано соопшти дека сите треба да бидат разумни. Портпарол на кинеското министерство за надворешни работи, Џианг Ју, рече: “Не знаеме ништо точно. Сите страни треба да направат повеќе за зачувување на мирот и стабилноста.“