1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дали САД ќе се откажат од Мушараф?

Американската влада врши силен притисок врз пакистанскиот претседател Первез Мушараф. Се чини дека по слабата реакција кога тој воведе вонредна состојба во земјата, Вашингтон е подготвен и на паѓање на генералот.

default

Дали генералот Мушараф се поти зашто му се изброени деновите?

Белата куќа, преку Њујорк тајмс упатува порака: Вашингтон размислува за Пакистан без генералот на чело на земјата. Американската влада бара пат за излез од случајот што самата го создаде. Долго време исклучиво се потпираше врз добрите односи со генералот и армијата. И покрај сите фактори на ризик, генералот и самиот е пучист. Радикалните исламисти го користат токму тоа. А, пакистанската армија веројатно се погрижи за тоа атомската техника да замине кон Либија, Северна Кореја или Иран. Тоа го тврди Адријан Ливај, кој штотуку објави книга заедно со еден колега за зделките на пакистанските генерали, вклучувајќи го и Мушараф. Изворите на Ливај велат дека Белата куќа знаела за тоа:

„Во 2001 година многу јасно можеше да се каже: постои армиска клика со врски кон Ал Каеда и Талибанците што лиферува атомска техника. Но, тоа не беше Ирак. Тајните служби велат дека е Пакистан„.

Сега, шест години подоцна и 11 милијарди долари помош за Пакистан, Белата куќа мора да реши: останува со Мушараф или е потребен план Бе? И како треба да изгледа? Тересита Шафер, поранешна амбасадорка во Пакистан вели:

„Ниту еден воен режим не може вечно да владее. Генерал Мушараф скоро половина година се наоѓа во серизони политички тешкотии. Ако се сака пакистанска влада што долгорочно ќе функционира, тогаш мора да се внимава на нејзината легитимност„.

Значи, врз тоа што го проповеда владата на Буш на други места: демократија, слободни избори, слобода на милсењето. Сега во специјална мисија во Пакистан е заменикот министер за надворешни работи Џон Негропонте. На генералот очигледно треба јасно да му соопшти: нашата помош на армијата во милијарди можеме да ја запреме. Тоа би бил политички крај за гнереалот. Но, што потоа? Американците сакаат да знаат како најдобро би ги одбраниле своите интереси. И многу значјаното прашање: кој ги контролира 40 до 70 пакистански атомски бомби? Кој се бори против Ал Каеда? Експертот за безбедност Курт Кемпбел, вели:

„Краткорочно армијата е најважниот фактор и мислам дека Американците таму го ставаат акцентот. На воениот врв тие јасно му ставаат за што станува збор„, тврди Кембпел.

Можеби за тоа генералот Мушараф да го сменат со друг.