1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дали претстои реконструкција на македонската Влада?

Претседателот на НСДП, Тито Петковски на прес конференција во Скопје зборуваше за внатрепартискиот судир. Превирања постојат и кај третиот коалиционен партнер ДПА.

default

Седница на владата на Груевски

Лидерот на Новите Социјал Демократи, Тито Петковски денеска во Скопје оддржа прес конференција на која зборуваше за внатрепартиските судири. Притоа тој судирите во партијата ги означи како нормална работа. Петковски истакна и дека по несреќата на армискиот хиликоптер побарал оставка од сопартиецот и министер за одбрана Лазар Еленовски како морален чин „ Не се работи за лична одговорност. Тоа не е докажано, и ќе се докаже. Меѓутоа тоа е како чувство на морален чин, и чувство на солидарност со луѓето коишто настрадаа, со нивните семејства и се разбира и со она што како голема штета се нанесува на министерството.“

Тито Петковски го чека одговорот од министерот за одбрана, дали ќе се повлече од функцијата. Вчера во Собранието на Македонија, поради истата причина оставка на министерот побара и опозицијата. Лазар Еленовски во меѓувреме замина за Турција и сеуште не се изјасни дали ќе се повлече од функцијата.

Внатрепартискиот судир во НСДП ескалира по аферата со фалсификуваната диплома на државниот секретар во министерството за одбрана Лилјана Стериовска, која беше близок соработникот со шефот на партијата Тито Петковски.

На прашањето дали неговата НСДП има намера да излезе од владата и да предизвика криза, Петковски со одговор: „ Тој знае, бидејќи одговара најмногу дефинитивно како премиер, со кои играчи може на кои позиции да игра. Ние, сигурно да сме политичка партија која има повеќе министерства и повеќе пратеници би се однесувале поинаку.“

Но македонската влада ја тресат и внатрепартиските превирања и кај тртиот коалициски партнер, Демократската партија на Албанците. Откако пред две недели на лидерот Мендух Тачи му депонирале оставки петте министри, 11те пратеници и стотте други државни службеници, во ДПА и натаму молк. Претседателот на партијата Тачи сеуште не соопштува кого од министрите ќе остави и кого ќе замени. Од неговиот потег зависи и моделот што ќе го избере премиерот Груевски - дали ќе изврши детална реконструкција на владата со можност за ново гласање во парламентот или министерските смени ќе ги врши сукцесивно.