1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дали пресудата за Перишиќ е компензација?

Дел од јавноста во БиХ и во Србија ја осуди ослободителна пресуда од Трибуналот за воени злосторства на ОН во Хаг за поранешниот генерал на Југословенска армија, Момчило Перишиќ.

Жалбениот совет на Хашкиот трибунал ја поништи пресудата од 27 години затвор за бившиот началник на Генералштабот на Jугословенската армија Момчило Перишиќ, донесена од претходната инстанца и донесе ослободителна пресуда по сите точки на обвинението.

Генерал Перишиќ ќе биде пуштен од притворот на ОН во Шевенинген уште денеска. 68 годишниот Перишиќ се товареше за помош при воени злосторства на српските милиции за време на балканските војни, меѓу нив и масакрот од Сребреница. Перишиќ во 2005 година самиот се предаде на судот и постојано тврдеше дека е невин. Тој во периодот од 1993 до 1998 година беше шеф на Генералштабот на југословенската армија под претседателот Слободан Милошевиќ

Поделени реакции

Ослободителната пресуда за семејствата на жртвите, собрани во здруженија претставува дополнителен нож в грб и доказ дека се работело за политички суд: „Никој во БиХ не можеше ниту во сон да замисли дека ќе се случи ваков пресврт и сметам дка ова е скандалозно. По изречена казна од 27 години, сега е изречена ослободителна пресуда. Овој Трибунал загуби секаков кредибилитет, особено кај жртвите“, вели Фадила Мемишевиќ од Здружението за загрозени народи на БиХ.

Претседателката на Здружението на мајките од Сребреница Мунира Субашиќ, која пресудата ја чекаше во судницата смета исто така дека се работи за политичка пресуда. „Мислам дека овој Перишиќ е одговорен за се’, оти се’ што се случи во БиХ, Хрватска, Косово, сето тоа се случуваше од Србија“.

Белградскиот адвокат Тома Фила напротив е задоволен со пресудата, со која како што вели е докажано дека нема никаква врска со злосторствата за кои се товареше: „Она што ме загрижува е што ќе се направи обид од ова да се направи дека е компензација за (неодамнешното ослободување н.з.) Готовина и тоа не е добро. Оти ако е така, тогаш тоа е страшно. Имено Готовина непосредно имаше команда на трупите кои вршеа воени злосторства, а Перишиќ не“.

Sonja Biserko Autorin und Menschenrechtaktivistin aus Serbien

Соња Бисерко

Соња Бисерко, претседателка на Хашкиот одбор за човекови права во Србија вели дека е точно дека се наметнува прашањето, дали се работи за бумеранг пресуда во однос на пресудите на хрватските генерали. Меѓутоа интересно е, вели Бисерко, дека со ова целосно се амнестира улогата на ЈНА во наведените злосторства: „Таа се сведува речиси на улога на хуманитарна организација која помагала на различни начини, а не била инволвирана. Се заборава суштинската улога на ЈНА, а тоа е дека во тој момент тоа имаше суштински момент за одлучување на карактерот на војната“.

Водење војна не е злосторство

Петчлениот Жалбен совет, со кој претседаваше американскиот судија Теодор Мерон, оцени дека претходната инстанца погрешно го прогласила бившиот началник на Генералштабот на Војската на Југославија за виновен, дека со помагање и поддржување на Војската на Република Српска во БиХ и Војската на Српска Краина во Хрватска придонел за извршување на злосторствата во Сараево и Сребреница и во рекетниот напад во Загреб.

Членовите на Советот, наспроти мислењето на кинескиот судија Ли Дачун, заклучија дека кадровско и логистичко помагање и поддржување кое Војската на Југославија го пружала на српските вооружени сили во Босна и Херцеговина и Хрватска само по себе не било кривично дело. Со пружање на таа помош раководел, по налог на Врховниот совет на југословенската одбрана, генерал Перишиќ, но според заклучокот на Жалбениот совет, тој не бил виновен за кривичните дела и злосторства кои ги направиле припадниците на Војската на Република Српска во БиХ и Војската на Српска Краина во Хрватска.

Gericht Momcilo Perisic

Момчило Перишиќ пред Трибуналот во Хаг

Обвинетиот, со испраќањето на офицери на Војската на Југославија во БиХ и Хрватска и снабдувајќи ги со вооружување и муниција Војската на Република Српска во БиХ и Војската на Српска Краина во Хрватска пружил помош за нивните „општи воени напори“, како што формулира Жалбениот совет, а не за извршување на кривични дела и злосторства. Со оглед на тоа, помошта за која бил задолжен генерал Перишиќ, според констатацијата на Жалбениот совет „не била конкретно насочена за извршување на кривични дела и злосторсва на Војската на Република Српска во Сараево и Сребреница“.

Освен ова Жалбениот совет ја понушти пресудата за генерал Перишиќ за ракетните напади врз Загреб со образложение дека тој немал ефективна командна надлежност над офицерите кои се одговорни за тоа злосторство. Како и пресудата во првата инстанца и ослободителна пресуда на Жалбениот совет е донесена со мнозинство гласови.

Пресудата покажува, колку е тешко за меѓународните судови, да ги обвинат лицата на раководните функции, кои директно не биле вклучени во случувањата. Досега ниту едно високо по ранг лице, кое носеше одговорност во поранешна Југославија, не е осудено за сторените злосторства во Босна и Херцеговина на почетокот на 90-тите.