1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дали постои концепт за справување со финансиска криза

Во македонското собрание расправата за буџетот се претвори во полемика меѓу опозицијата и власта - колку е земјата подготвена за спречување на можните последици од глобалната светска финансиска криза.

default

Жестока расправа во македонскиот парламент

Владата планира да прераспредели околу 80 милиони евра во здравството, во финансиска поддршка на МРТ, за увоз на струја преку МЕПСО, за доизградба на Градскиот стадион во Скопје. За да се обезбедат овие средства, ќе биде извршена релокација од одделни министерства кон посочените буџетски инвестиции. Средствата се земени од Министерството за одбрана и од евросекторот. Ова беше повод за напад на опозицијата, која смета дека со ова се напуштаат евро – атлантските приоритети. Можеа да се намалат фондовите од 70 милиони евра за пропаганда и медиумска промоција на премиерот Никола Груевски и неговите министри. Владата покажува дека нема стратегија за развој на државата, особено во мигови на финансиска криза во светот, беше потенцирано на синоќешната (30.10.2008) дебата за буџетските прераспределби на средства.

Mazedonien hat Kosovo als unabhängigen Sttat anerkannt

Потребен е одговор на глобалните предизвици

Дали државата подготвува стратегија за криза

Радмила Шеќеринска од СДСМ ја иницира дискусијата дали Македонија има концепт да се справи не само со финансиската, туку и со се‘ поочигледната енергетска криза. Не се гради гасоводот, не се инвестира во енергетски проекти, некому во структурите на власта му одговара огромни милиони евра да се одлеваат од државата во приватни џебови, оцени таа.

Опозицијата шири психолошки страв кај граѓаните, контрираше Павле Трајанов од владеачката коалиција.

За финансиската стабилност на банкарскиот систем и сигурноста на девизните и штедни влогови на граѓаните денеска ќе разговараат гувернерот на НБМ и првите луѓе на банките во Стопанската комора. НБМ тврдеше дека банкарскиот систем во Макеоднија е стабилен, иако има знаци на вознемирување кај клиентите.