1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дали Папуљас ќе одбегне нови избори во Грција?

По три неуспешни обиди за формирање на нова влада во Грција претседателот Папуљас денеска ги свика шефовите на повеќе партии на нови разговори во Атина. Ако преговорите не успеат Грција во јуни ја чекаат нови избори.

Грчкиот претседател Каролос Папуљас бара решение. По неуспешните сондирачки преговори на тројца партиски лидери тој го презима кормилото во свои раце, за да се надмине хаосот при формирање влада. Денеска претседателот треба да се сретне со лидерите на Неа Демократија Антонис Самарас, Алексис Ципрас од Сириза и шефот на ПАСОК Евангелос Венизелос. Како што соопшти претседателскиот кабинет, потоа се планирани разговори со лидерите на помалите партии. Доколку наредниве денови неможе да се формира стабилна влада оддржувањето на нови избори на 10 и 17 јуни ќе стане неизбежно.

Претседателот Папуљас изрази скепса за изгледите за успешни преговори. „Се надевам дека ќе можам да придонесам за решение“, изјави Претседателот по синоќешната средба со шефот на ПАСОК Евангелос Венизелос, кога официјално го врати кај претседателот мандатот за формирање влада. Досега сите сондирачки преговори порпаднаа, поради отпорот од страна на радикално левичарската партија Сириза.

ЕУ е подготвена за натамошна помош за Грција?

Wolfgang Schäuble Jean-Claude Juncker

Волфганг Шојбле и Жан Клод Јункер

Шефот на Еврогрупата Жан Клод Јункер за новинската агенција ДПА изјави дека европските партнери би морале да извршат проверка на временската рамка за Грција и доколку се покаже за потребно да се изврши подобрување на договорите. Доколку и натаму се одолговлекува формирањето нова влада и стане неопходно оддржувањето нови избори, на Грција ќе и биде потребно повеќе време, смета Јункер. Меѓутоа договорениот строг курс на штедење е неизбежен, подвлекува шефот на Еврогрупата.

Исто така, и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле не исклучува изричито натамошна помош за Грција. Истовремено за весникот „Велт ам Зонтаг“ потврди дека германската влада се подготува и на можно истапување на Грција од еврозоната: „Се разбира дека тоа не го сакаме, Грција да истапи, сосема јасно и сосема еднозначно“, но една влада би морала да има предвид и еден ваков случај.

Претседателот на парламентот на ЕУ Мартин Шулц се заложи за натамошна финансиска помош за Грција. „За да се штеди мора да се дадат импулси и за порастот“, смета Шулц.

Според анкета на весникот То Вима големо мнозинство од Грците сакаат да го задржат еврото по секоја цена, независно од изборниот успех на партиите, кои се противат на програмата за штедење на ЕУ. Имено 78,1 процент од испитаниците сметаат дека една нова влада би требало да ги преземе сите неопходни чекори за земјата да остане во еврозоната.