1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дали Никола и Никола ќе го стопат мразот?

Македонскиот премиер, Никола Груевски, денеска (15.05.2009), во Елисејската палата, на прием кај францускиот претседател Никола Саркози. Дали средбата на врвот, прва по долго време, значи одмрзнувањето на односите?

default

Средбата ќе се одржи во Елисејската палата

Средбата меѓу премиерот Никола Груевски и претседателот Никола Саркози ќе биде нивна прва официјална средба откако двајцата се дојдени на власт. Од последниот прием на еден македонски висок државен претставник во Елисејската палата минаа повеќе од години. Тоа беше во јануари 2004, кога тогашниот премиер Бранко Црвенковски беше примен од претседателот Жак Ширак. Ниту Црвенковски, потоа како претседател, ни Бучковски и Груевски како премиери, иако престојуваа во Париз, не остварија средба со францускиот претседател.

Разговорите кои Саркози и Груевски ќе ги водат во Елисејската палата, би требало да преставуваат одмрзнување на односите, барем во билатералните средби на највисоко ниво. Заладувањето на односите започна при давањето на кандидатскиот статус на Македонија, околу што Франција се двоумеше по неуспешниот референдум за европскиот устав. Потоа следуваа познатите изјави и заземени позиции на Никола Саркози. Иако билатералните врски меѓу двете земји непрекинато се развиваа и продлабочуваа, тие беа во сенка на бурните изјави на Саркози.

Солидарноста на Саркози со Грција

Во својот добро познат стил, на прашањето - што планира да направи француското претседателство со Европската

Nicolas Sarkozy März 2009

Никола Саркози и‘ даваше несебична поддршка на Грција, а сега?

унија за да им помогне на Македонија и Грција да најдат решение, со што ќе и‘ се дозволи на Македонија да започне преговори, Саркози одговори: „Сакајте ја Грција и советувајте ја ПЈРМ. Не ви велам вам лично да ја сакате Грција. Добро знаете каква е блискоста меѓу Франција и Грција...А не ја знаете? Па, тогаш требаше да ве земам со мене во Атина. Но, нашата позицијата е таа. Скопје мора да покаже подготвеност за компромис.“

Во ист тон, францускиот претседател по катастрофално организираните предвремени парламентарни избори минатата година, порача дека за него „Македонија не е демократска држава“. Причина за таквата квалификација, според него, беа последните избори во земјата, кои, како што било речено во Елисејската палата „поминале со невидена бруталност и го нарушиле имиџот на државата.“

„Грција е демократија. Ние ги поддржуваме демократиите. Во една демократија, изборите треба да се одвиваат на демократски начин. Грција посакува да се постигне решение за името преку дијалог. Потребно е да се остави мисијата на Обединетите нации и господинот Метју Нимиц да ја водат таа мисија. Но ми изгледа дека ако Скопје, што е и наша желба, сака да му се приклучи на НАТО, и стане член на Европската унија, тогаш треба да направи минимум напори, како на демократски план, така и напори на планот на модернизацијата и напори во

Gruevski Statement.jpg

Никола Груевски е во Париз да бара поддршка од еден од највлијателните европски политичари

дијалогот за прашањето за името и неговата промена. Јас повторив дека француската дипломатија е солидарна со грчката демократија по ова прашање.“

Сега Саркози подобро е запознат со проблемот

Но, последните изјави од неговото опкружување, зборуваат дека сега, кога Саркози е подобро запознат со прашањето за името, тој не и‘ дава толку јасна поддршка на Грција, изразувајќи само разбирање за нејзините грижи и посакувајќи взаемно прифатливо решение. Француската дипломатија, со своето искуство не може да си дозволи да игра на картата на едната или другата страна, посебно во регионот на Балканот, каде последиците можат да бидат тешки.

Сепак, ова треба да се релативизира. Пораките кои доаѓаат од Париз, исто како и од другите европски престолнини, се исти: „Местото на Македонија е во НАТО и ЕУ, но само откако ќе се најде решение за името!“

Во Франција, македонскиот премиер Никола Груевски дојде со цел да добие поддршка за евроатлантските интеграции на Македонија од, во моментов, еден од највлијателните европски политичари – Никола Саркози.


Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска




DW.COM