1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дали Нигеријците имаат избор?

Најбројната африканска земја денеска избира претседател – изборите во Нигерија почнаа со извесни задоцнувања, и како што е вообичаено за земјата и овие избори не минуваат без насилство. Неколку часа пред отворањето на избирачките места е спречен обид за напад со цистерна врз Централната изборна комисија во главниот град Абуџа. Атентаторите ја пуштиле цистерната без возач да се тркала кон зградата во

default

�оја била сместена изборната комисија, но возилото ја промашило целта и удрило во еден далновод без да експлодира. Дали Нигеријците воопшто имаат избор?

Партиите во Нигерија одвај дека се расправаат околу содржински прашања. Сите на избирачите им ветуваат повеќе или помалку – едно исто – добро снабдување со струја, чиста вода за пиење, бесплатно школување и повеќе работни места. Надеж дека ќе победат имаат пред се три партии: владеачката Демократска народна партија на претседателот Олесегун Обасанџо, која во трка го пушти Умару Јарадуа, потоа Нигериската народна партија со кандидатот за претседател, Мухамаду Бухари и Акциониот конгрес со досегашниот потпретседател, Атику Абубакар. Сите тројца се муслимани од Северна Нигерија. Покрај нив се позиционираа останатите 21 кандидат за претседател на земјата. Меѓу големите партии нема основни идеолошки разлики. Дотолку поважни се јаките страни и слабостите на кандидатите за претседател нагласува политикологот, Бава Хасан Гусау од Универзитетот во северно-нигериската метропола, Кано: “Кандидатот на АНПП, Бухари има имиџ на строг човек ориентиран кон законот и безбедноста, на сериозен лидер. Другите двајца важат за помалку или повеќе приврзоци на владеачката партија.“

Мухамаду Бухари ја водеше земјата во 80-тите години, кога владееше армијата. Во странство важеше за деспот. Но, денеска многу Нигеријци, со оглед на корупцијата и насилството, посакуваат повторно цврста рака.

Умару Јарадуа, од владеачката ПДП, делува бледо. Досегашниот гувернер на сојзуната држава Кацина важи како главно имун на корупцијата, но многу Нигеријци во него гледаат марионета на претседателот на заминување, Обасанџо. Затоа, Јарадуа мора да објасни зошто смета дека би имал поголем успех од неговиот ментор.

По осум години владеење, Обасанџо има успеси во борбата против корупцијата и во образованието, но не ги подобри снабдувањето со струја, вода и бензин. Ова ветува дека ќе го оствари и Атику Абубакар. Вице-претседателот минатата година се скара со претседателот Обасанџо зашто не сакаше да ги поддржи неговите планови за трет мандат. По преминувањето на Абубакар во опозиција, Обасанџо направи се за да ја спречи кандидатурата на неговиот заменик. Овие обиди завршија минатиот месец со пресуда на Врховниот суд, кој ја дозволи кандидатурата на Абубакар.

Невладините организации за време на целата кампања бараа поголема транспарентност. Чуквумека Езе од Западноафриканската мрежа за мировна работа, вели: “Беа поставени толку многу прашања кои останаа без одговор. Се‘ што слушавме беше – се‘ е подготвено, изборите ќе бидат слободни и фер. Но, не се работи за тоа таквите работи само да се тврдат, туку станува збор и за тоа каков впечаток имаме ние за нивната работа.“

А, впечатокот е катастрофален – не беа објавувани избирачки списоци, беа дисквалификувани кандидати, и насилството досега беше придружник на сите изборни кампањи и избори. Политичарите се подготвени на се‘, само да победат. Политикологот Кано го објаснува особеното значење што политиката го има во Нигерија:

“На политиката се гледа како на бизнис. Еден гувернер дури рече – во Нигерија нема повносна работа од политиката. Значи, луѓето одат во политиката за да заработат пари. Да се биде на власт значи да се имаат сите можни привилегии.“