1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дали на НАТО му се заканува расцеп

Германската канцеларка Ангела Меркел уште еднаш децидно отфрли ангажман на Бундесверот во јужен Авганистан. Состојбата таму беше една од главните теми на 44-татата меѓународна конференција за безбедност во Минхен

default

Бундесверот во Авганистан, дали ќе се зголеми бројот војници?

Дали германските политичари размислуваат околу зголемување на трупите на Бундесверот во Авганистан, ова беше прашањето што најчесто го поставуваа новинарите на конференцијата. Дали Германија ќе попушти под притисокот на НАТО партнерите? Американскиот државен секретар за одбрана Роберт Гејтс во Минхен не зазеде конечен став, но јасно кажа дека очекува од Европејците во Авганистан да не очекуваат да вршат само цивилна обнова: „Не смееме и не можеме да бидеме двокласен сојуз од оние кои се подготвени да се борат и оние кои не се. Тоа на долг рок ќе ја растури Алијансата.“ На Европејците не им успеа да ја објаснат суштината на војната кај своите народи, гласи американската критика. Гејтс избегна конкретни барања, иако пред неколку дена упати итно псимо до германскиот ресорен министер: „Германија е мислам малку пречувствивителна. Писмото кое го доби беше едно од 25-те и бараше од сите поголеми напори. Никој не сака да покажува на Германија со прст. “
Не треба да се доведува во прашње успешен ангажман
Гејтс во Минхен го пофали ангажманот на Берлин во северен Авганистан. Но, германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер уште претходниот ден исклучи германски ангажман во јужен Авганистан: „ Нема никаков смисол да ја загрозуваме добрата работа која ја вршиме на северот со тоа што ќе го стационираме Бундесверот низ цел Авганистан.“
Robert Gates auf Münchner Sicherheitskonferenz

Гејтс бара поголема поддршка од Европа

Јасно е сепак дека Американците притискаат на поголема поддршка од европските партнери. Тоа не важи само за Авганистан, туку за вкупната антитерористичка борба, а нема да се измени ниту кога во Белата куќа ќе се всели новиот претседател, како што потенцира Гејтс: „Сеедно која партија е на власт, сеедно кој ќе биде прв човек. Опасностите се исти, ние нема да престанеме. “ За НАТО тоа значи дека дискусијата продолжува. На пример при следниот самит во април во Букурешт. Генералниот секретар Јап де Хоп Шефер предупреди: „Дебата во НАТО. Прекрасно, ајде да дискутираме, да развиеме култура на полемика, како што велат Германците.“ Инаку, по десет години на функцијата организатор на Минхенската конференција, од неа се прости Хорст Телчик, него ќе го наследи германскиот амбасадор во Лондон и европски преговарач за Косово, Волфганг Ишингер.

►◄