1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дали наскоро ќе дојде до средба васт - опозиција?

Официјален Брисел и дипломатите во Скопје се во парлалена акција и непопуштаат. Не смее да дојде до политичка криза во Македонија. По овие пораки премиерот Груевски нуди средба според понудената агенда на лидерот на опозиционата СДСМ Радмила Шеќеринска.

Скопје

Скопје

Домашните политичари, пораките од меѓународната заедница ги примија со знаци на омекнување на ставовите. Премиерот Никола Груевски упати писмо до лидерот на СЦСМ Радмила Шеќеринска и нуди дијалог во фази како одговорот на нејзиниот пакет.

И во таборот на Али Ахмиети градоначалниците ќе почекаат со радикализацијата на политчките опструкции кон централаната власт.

По остро интонираните критики дека Шечќеринска се служи со политички памфлети, дејствува дезорјентирано, ултимативно премиерот Груевски сепак со писмо понуди наместо лидерска дијалог на 2 и 7 февруари работни групи на ВМРО ДПМНЕ , СДСМ, ДУИ и ДПА да почнат нова рунда разговори. Во првата фаза би се разгледувале уставните измени за задолжително средно образование и изборниот закон со кој се иницира гласање на иселениците.

Во втората рунда би се расправало за деловникот и промената во парламентрниот етнички комитет што решава за примената на Бадентровотот двојно мнозинско гласање во парламентот. Тоа е агендата што ја понуди опозициксиот Социјалдемократски сојуз како услов за поддршка на владините проекти. Со оваа најнова преписка премиерот Никола Груевски ја прифаќа агендата на лидерот на СДСМ Радмила Шеќеринска во рестартот на политичкиот дијалог.

„Ако во изминатиот период сметавме дека Охридската агенда и Охридскиот договор е нешто што не доведе до кандидатски стасус и дека сега имаме други задачи на кои треба да се концентрираме. Вие слушате дека во последниве две до три недели единствено што добиваме како сигнал од Брисел, без разлика дали е во поглед на НАТО или европската агенда е имплементација на Охрисдкиот договор, политички дијалог, политичка стабилизиација на Македонија.“ кажа лидерката на СДСМ.

Радмила Шеќеринска вчера попладне кога ја даде оваа изјава не го имаше добиено писмото од премиерот. Во меѓувреме и министерот за локална самоуоправа Зоран Конјановски го повика ЗЕЛС, организацијата на општинските челници да не се прекине дијалогот меѓу владата и 16те градоначалници од опозициската ДУИ кои доминираат со општините со мешан етнички состав.

„Колегите градоначалници мислам дека и покрај тоа што досега имаа цврст став покажуваат дека тоа не е дефинитвен став и дека постои простор за разговор. Имаме управен одбор во Струмица за два дена и очекувам дека таму можеби дел од работите да ги расчистиме.“ вели Андреј Петров претседател на ЗЕЛС.

Тоа што Али Ахмети на своите градоначалници интегративци им даде одложен рок од две недели во радикализацијата на односите со централана власт се толкува како благо спуштање на топката кај опозиционерската партија во албанскиот електoрат.