1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Дали Кинезите ги загрозуваат стратешките интереси на САД?

Кина, по САД е втор потрошувач на енергија во светот. Тоа ги турка во височина цените во САД не само на бензинот, туку и на суровата нафта. Понудата за преземање на УНОКАЛ, едно од најголемите американски претпријатија за нафта, со годишен профит од четири милијарди долари, од страна на кинеската државна нафтена компанија КНООК, не ги изненади само американските пазари на капитал. Голем број американс

default

�и политичари во тоа гледаат загрозување на американските стратешки интереси.

Кинеската понуда за преземање на калифорниската компанија „Унокал Корпорејшн„ изнесува 18,5 милијарди американски долари, и со тоа е за две милијарди повисока од понудата на тексашкиот нафтен џин Шеврон, кој исто така покажа интерес. Борбата за моќ која сега изби, е истовремено досега најјасен доказ за економскиот ривалитет меѓу старата суперсила Америка и Киа, која се стреми да стане суперсила.

Унокал, иако е сместен во САД, 60% од суровата нафта црпи од Азија. Нејзе и припаѓаат најголемите залихи на природен гас во Азија. Затоа, интересот на Кина, која е се погладна за енергија, е разбирлив.

УНОКАЛ дилот испрати сигнали на предупредување меѓу американските политичари. Голем дел од нив, во него гледаат знаци на глобалните амбиции на Кина. И, дел, во дилот, доколку до него се дојде, гледаат загрозување на геостратешките интереси на Америка. Веќе подолго време во американскиот конгрес се се погласни барањата за трговски ограничувања спрема Кина, зашто Кинезите го преплавија американскиот пазар сое фтини производи. Филип Ферлегер, од Институтот за меѓународна економија, вели:

“САД во однос на Кина имаат енормен трговски дефицит и затоа Кинезите пливаат во долари. Гладта на американските консументи за ефтини производи во американските супермаркети ги доведува Кинезите во позиција да даваат понуди од ваков вид.“

Надзорниот одбор на УНОКАЛ во април веќе се реши за спојување со Шеврон. Но, сопственикот на акции го поништи ваквиот заклучок, со оглед на феноменалната понуда на Кинезите. Во таков случај, мора согласност да даде и “Комитетот за странски инвестиции во САД“. Доколку владата или конгресот аргументираат дека тоа ги допира безбедносните интереси на САД, ова тело мора да стави вето. Рон Вајден, пратеник во конгресот од Орегон, тоа веќе го најави:

“Ние што сме за слободна трговија мора со средствата што ги имаме на располагање да го спречиме продавањето на националните интереси. И, ви велам, нема аргументи кои говорат против свикување комитет за приспитување на случајот.“

Кина, спречувањето на дилот би го сфатила како политички контрафронт. Со оглед на тоа што Пекинг во американските вложувања располага со износ од над 200 милијарди долари, таа лесно може да врши притисок на пазарот на капитал. Како САД ќе се однесуваат во ваков теснец, останува да се види. Со голема напрегнатост.