1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дали исчезнува квалитетното новинарство?

Големите имиња на германските весници отсекогаш важеа за гаранција за квалитет. Но, во меѓувреме се намалува бројот печатени изданија, а се зголемува бројот банкроти. Дали со тоа паѓа и квалитетот на известувањето?

Бројот на изданијата на дневни венсици во Германија се‘ повеќе опаѓа. Некои дневни весници во меѓуврем или сосем исчезнаа или се кратко пред затворање. Така, неодамна стечај пријави „Франкфуртер Рундшау“, а неодамна излезе од печат и последното издание на „Фајненшл Тајмс Дојчланд“. И еден од најугледните весници во Германија, „Зиддојче цајтунг“ најави мерки на штедење, а од кризата се подогдени и бројни регионални весници. Причината за ваквата загрижувачка систуација е едноставна: слаба продажба. Младите генерации многу порадо вестите и текстовите ги читаат бесплатно на интернет.

Дневните информации доаѓаат преку интернет

Откако дигиталните и печатените изданија на весниците со децении постоеја паралелно едни покрај други, сега очигледно почнува голема промена.

„Масовните информции во иднина исклучиво ќе се обработуваат преку електронски, дигитален пат. Денешните издавачки куќи кои се‘уште не се префрлиле на новите медиуми, тешко ќе ги заработуваат своите пари“, вели Свен Јанцки, раководител на фирмата „2б Ахед“ која се занимава со истражување на трендовите.

Zeitungssterben Sven Gabor Janszky Trainer Redner neuer Ausschnitt

Свен Јанцки

Според неговото мислење, печатените изданија на разните весници ќе имаат се‘ помалку шанси за опстанок зашто едноставно се - пребавни.

„Потрошувачите во иднина ќе сакаат да дојад до информации без разлика каде се наоѓаат, а до нив на пример најбрзо ќе дојдат преку смартфон. Освен тоа, разните електронски филтери во иднина се‘ повеќе ќе ја преземаат улогата и работата на новинарите. Така понудата на информации која некој ќе ја добива на својот дисплеј ќе биде поинаква од онаа за другите. Таа ќе биде така да се каже ’скроена’ кон нечии интереси и желби“, дополнува Јанцки.

Повлекување на квалитетното новинарство

Затворањето на одделни весници меѓутоа нема да значи и целосно затворање на печатените изданија на венсиците. Според мислењето на споменатиот експерт, печатените изданија се‘ повеќе ќе стануваат „луксузна стока“.

„Во иднина биможеле да постојат само магазините, кои се објавуваат еднаш неделно или еднаш месечно или на секои три месеци. Значи, во нив веќе нема да има дневни информации, туку подолги текстови кои ја објазнуваат заднината нанекои настани, анализи и слично“, вели Јанцки и додава дека досега нема знаци кои би укажувале дека потрошувачите немаат интерес од ваков вид информации.

Овој тренд уште сега може да се забележи кај неделникот „Ди цајт“, кој бележи нови рекорди според бројот продадени печатени изданија.

Од другастрана, згаснувањето на дневните печатени весници и опстанокот само на „луксузните магазини“ ќе остави трага на целокупниот квалитет на новинарството:

„Ќе доживееме повлекување на квалитеното новинарство во ниша која ќе биде прилично скапа и која ќебиде наменета само на одредена целна група“, предупредува Јанцки.

Во иднина ќе мора да помага државата?

Професорот по новинарство Клаус Маер на целата ситуација гледа со поголем оптимизам:

„Н еверувам дека во Германија во слендите години ќе бидат затворени поголем број дневни печатени весници. Имено, тие во последните години и така се променети. Ако ги погледнете денешните изданија во споредба со оние пред 20 години, ќе ги забележите разликите во однос на графиката, дизајнот, боите. Сето тоа и натаму ги провлекува потрошувачите“.

Според мислењето на Маер, во иднина параллено ќе постојат како електронски, така и печатени изданија на весниците:

„Дневните весници ќе излегуваат двапати неделно, додека актуелните инфорамции ќе бидат следени преку интернет“, вели тој.

Prof. Dr. phil. Klaus Meier

Професор Клаус Маер

Дали овие промени ќе остават белег врз квалиттеот на новинарството, според Маер ќе зависи од тоа за кој модел на понуда и купување информации ќе се одлучат одделни медиумски куќи:

„Притоа најверојатно т.н. пејволс на интернет страниците ќе дојдат засилено до израз. Овие дигитални содржински понуди веќе ги нуди ’Ди велт’ и тоа о успех“.

Но, според мислењтео на Маер, ако сака да преживее, новинарството и во иднина ќе мора да добива помош од разни фондации и дури и од државата:

„Во САД веќе постојат фондации кои на новинарите и на редакцииите при истражувањето на одредени теми им помагаат со различни стипендии“, објаснува германскиот професор.

Но, дали тоа ќе биде довлно за печатените изданија на весниците да се одржат на пазарот, тоа ни тој со сигурност не сака го тврди.