1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Дали интернетот ќе ја погребе книгата?

Независно дали се работи за големите синџири книжарници или мали продавници - на трговијата со книги и‘ недостасува поагресивна борба за опстанок на пазарот. Дали книгоиздавачите предоцна реагираа на конкуренцијата?

default

Електронска книга

Многу трговци се крајно скептични кога е во прашање технолошкиот напредок, таквиот став и‘ наштети на браншата. Наместо да се борат за развој, сега трговците со книги мораат да го прифатат фактот дека нивната работа се промени благодарение на електрониката, како што се променија и многу други бранши.

„Ситуацијата на пазарот на книги не е розова, но не е ниту драматична“, тврди Луц Кетман, директор на реномираната издавачка куќа Роволт. Во традиционалните куќи покрај Фишер се вбројуваат и Ханзер, Суркамп, а тие ги издаваат делата на познати автори: Даниел Келман, Мартин Валзер, Пол Остер, Џон Апдајк и Џонатан Франсен.

„Ова не би го нарекол криза. Кога е во прашање нашата издавачка куќа Роволт, не сме онаму каде што би сакале, малку назадуваме, но тоа не ме загрижува посебно зашто, заклучивме дека двете полугодија во трговијата се разликуваат едно од друго“, вели Кетман.

Неизбалансирана продажба во текот на годината

Frankfurt Buchmesse 2010

Печатените книги на испит

Трудот на браншата да го одржи вниманието на читателите преку цела година веќе нема ефект, и покрај Саемот на книгата во Лајпциг и Лајпцишката книжевна награда. Обртот на издавачот Роволт во првата половина од оваа година беше два до три проценти под очекуваното, тврди директорот Кетман, кој не сака да изнесува конкретни бројки. Минатите години особено опадна побарувачката на стручна литература во тврд повез:

„Тоа сигурно има врска со тоа што луѓето за политичките прашања и теми претежно се информираат преку медиумите, интернетот, телевизиите, весниците и затоа имаме големи проблеми“.

Исклучок се забавните стручни книги на популарни теми. Овој жанр бележи голем успех, нагласува Кетман, алудирајќи на хумористичките записи на докторот и кабаретист Екард фон Хиршхаузен. Неговата книга „Вашиот црн дроб расте заедно со задачите“ за двеипол години е продадена во 2,3 милиони примероци. Ваквите наслови претежно излегуваат како џепни изданија и нивните продажни цени се пониски.

Издавачите и книжарите мора да бидат подготвени на промени

Факт е дека интернетот сепак и‘ наштети на трговијата со книги. Научните текстови во печатена форма денес се помалку важни од порано, вели Михаел Менард од берзанското здружение на германски книжари во северна Германија.

„Колку знаењето побрзо се развива, а кај природните науки тоа е најбрзо, толку повеќе се пренесува во непечатена форма. Кај монографиите развојот е побавен“.

Ова важи и за белетристиката. Во Германија електронската книга уште не игра голема улога. Но, трговецот со книги од Хамбург, Урсула Тулер нагласува дека издавачите мора да бидат подготвени за промени. Браншата веќе направи огрмна грешка.

„Кога почна трговијата на интернет, сите велеа-не, муштериите секогаш ќе доаѓаат кај нас во книжарниците.“

Се покажа дека тоа е гре

Symbolbild Bücherregal mit alten Büchern

шка. Книжарниците го преспаа развојот и благодарејќи на интернетот го загубија подрачјето на работа. Во меѓувреме, многу книжарници започнаа со куќно бесплатно доставување на саканите книги, а за убаво пакување Амазон дополнително наплатува. Но, муштериите тоа не го знаат, зашто книжарниците пропуштија маркетиншка конкуренција. Можно е истата приказна да се повтори и со електронската книга, предупредува Урсула Тулер:

„Класичната книжарница има врска со хартија, со печатници и мора да се земе во предвид дека оваа ера нема да стигне целосно до крај, не верувам во тоа, но верувам дека покрај печатените, ќе постојат и други производи“, вели Тулер.

Бројките јасно говорат

Сепак, бројките јасно говорат-на почетокот на 2011 година продажбата книги во Германија опаднала за 1,3 проценти. Поради смартфоните, таблет-компјутерите, како и социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, се променија навиките за поминување на слободното време. Резултат е тоа што се‘ помал број луѓе чита, вели Михаел Менард:

„Германците во просек читаат 12 книги годишно, во 2005 година беа 12,6 книги, што е голема разлика. Кога ќе се пресмета во пари, тоа е загуба во браншата од 400 милиони евра“.

За печатени книги се одлучуваат не само постарите, туку и помлади луѓе, што ги радува издавачите. Но, книжарниците мора пред се‘ да се отворат за електронските книги.

Автор: Хајде Золту/ Жана Ацеска

Редактор: Трајче Тосев