1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Дали е Словенија следниот Кипар?

Словенечките банки седат на планина од лоши кредити. Економијата стагнира, а рејтинг агенциите го намалуваат рејтингот на земјата. Словенија се‘ почесто се споменува како следниот кандидат за помош.

Слика од базата на словенечката економија: произведувачот на прозорци МИК од малото градче Целје. Актуелна состојба: 170 вработени, 20 милиони евра промет. И покрај кризата има мал пораст. Директорката Наташа Ковачиќ и покрај тоа е под притисок: Словенија се смета за следен кандидат за спасување во еврозоната.

„Немаме повеќе време, владата мора да ги спроведе реформите колку е можно побрзо“, вели Ковачиќ.

Проблем се банките. Кредитната криза му се заканува и на производителот на прозорци МИК. Средните словенечки фирми традиционално имаат мала залиха на капитал, а мнозинството нови инвестиции, како машини, се финансираат со нови кредити. Ковачиќ вели дека излезот е само во опоравување на банкарскиот сектор.

Санирањето на банките ќе ни ја олесни состојбата. Пред се’ затоа што нашиот успех го базираме на иновативни решенија во кои инвестираме многу енергија и ресурси“.

Кредити пред се’. Во моментов само локалната банка ја пополнува празнината. И покрај тоа што бизнисот добро врви. Кредитната криза од пазарот на недвижности ја погодува и оперативата на средните претпријатија.

И МИК учествува во пазарот на недвижности. За него тие произведуваат прозорци. Притоа и разбираат нешто од овој бизнис.

„Банките финансираа многу проекти на фирми чија примарна дејност беше целосно поинаква, а одеднаш сите станаа градежници кои градеа станбени згради, најчесто со слаб квалитет и пазарот беше заситен“, вели Урош Озер, заменик-директор во МИК.

Владата ветува излез

Големите банки како НЛБ од главниот град Љубљана поседуваат многу лоши кредити. Банката делумно и‘ припаѓа на државата.

Новата словенечка влада сака да инјектира повеќе капитал во банките, подоцна

Slowenien Regierungskrise Alenka Bratusek Oppositionsleader

Аленка Братушек

да ги приватизира, а во меѓувреме лошите кредити се стационирани во нова банка.

„Сигурна сум дека можеме да ги решиме нашите проблеми. Со тоа ќе им покажеме на Европа и на финансиските пазари дека сме способни да го сториме тоа. Така ќе биде подобро за сите, и за граѓаните и за економијата. Подобро е сами да го решиме проблемот, отколку тоа да го прави Тројката“, убедена е словенечката премиерка Аленка Братушек. .

Фирмата за изработка на прозорци на Наташа Ковачиќ се градеше 23 години. Почнаа со рамки за прозорци, а сега веќе изработуваат цели прозорци.

Тие се надеваат дека успешната приказна ќе продолжи. Но тоа ќе биде тешко со загрозените словенечки банки.

На крајот би можело да се случи Словенија сепак да побара помош од еврозоната, за да ги спаси своите средни претпријатија.